ЈП „Билјанини извори“ и ФК Охрид 2004 ги закопаа воените секири?!

Смената на раководството во ФК Охрид 2004 ја разнежни директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во зависност од моменталните услови фудбалерите ќе имаат можност и повеќе од еднаш да тренираат на главниот терен-вели таа. Односот на јавното претпријатие кон фудбалерите секогаш ќе биде коректен-додава Јованоска.

 |  Мишел Наумоски  | 
Jovanoska
Jovanoska

Смената на раководството во ФК Охрид 2004 ја разнежни директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во зависност од моменталните услови фудбалерите ќе имаат можност и повеќе од еднаш да тренираат на главниот терен-вели таа. Односот на јавното претпријатие кон фудбалерите секогаш ќе биде коректен-додава Јованоска.

На повидок е закопување на воените секири помеѓу локалната, јавното претпријатие „Билјанини извори“ и фудбалскиот клуб Охрид 2004. Се чини се започна по смената на раководството на овој клуб со кое локалната и ЈП „Билјанини извори“ немаа најдобри односи. Веднаш по оставката на извршниот директор на клубот, фудбалерите на ФК Охрид 2004 добија тренинг на главниот терен, нешто што досега не се случуваше често. Побаравме објаснување од директорката на ЈП „Билјанини извори“, на што се должи промената во расположението што се однесува до тренинзите на главниот терен.

„Локалната власт и градоначалникот по нивно барање во секоја фудбалска сезона доставуваат барање до локалната самоуправа, а локалната дава согласност за одредени натпревари и тренинзи да ги обавуваат во спортско-рекреативниов центар. Во нив постоеше дека еден тренинг, односно оној последниот што е благ тренинг треба да го одиграат на главен терен за да можат да го почувствуваат теренот. Ние и претходно со претходното раководство му го овозможувавме тоа, а и понатаму ќе продолжиме да му го овозможуваме истото. “-вели Гордана Јованоска-Директор на ЈП „Билјанини извори“

fk ohridДиректорката појаснува дека постои можност фудбалерите да добијат повеќе од еден тренинг на главниот терен. Но сето тоа ќе зависи пред се од временските услови, барањата на фудалерите, но и согласноста на градоначалникот кој ги финансира овие тренинзи.

„Целосното затворање за услугите да ги извршуваат овде токму беше поради несогласувањата односно шпекулациите и навредите кои ги имаше претходното раководство кон градоначалникот, кон локалната самоуправа и кон нас како јавно претпријатие. Додека она што им се дозволуваше, тие и претходно тренираа им се дозволуваше еднаш неделно да тренираат на главен терен, сите други пати тренираа на помошните терени, му беше овозможено и ќе му биде овозможено се до оној момент додека локалната самоуправа има добар однос со ФК Охрид 2004.“-додаде Јованоска.

Дали е на повидок една нова ера во односите помеѓу ЈП „Билјанини извори“ и фудбалскиот клуб Охрид 2004 останува да видиме. Колкави придобивки ќе имаат самите фудбалери само времето ќе покаже, но Јованоска за нив вели дека секогаш ги почитувала и дека тие се гордоста на овој град.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top