Ознака: центарот

gerdan

Конечно, отворена музичка сцена

Post Views: 1 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...

Continue reading

sednica

Веќе видено сценарио или случајност

Post Views: 0 Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите...

Continue reading

logo

Македонските политичари и ЕУ

Post Views: 0 Иван Стојановски е можеби еден од идните политичари кој ќе учестува во кроењето на иднината на нашата земја. Тој деновиве е дел од работилницата во која дел од идните десничарски политичари од земјава, симулираат заседавање на институциите на Европската Унија како и за тоа, како изгледа да се биде дел од процесите за проширување на големото европско семејство. „Целата идеа е секој да може да сфати како е да се биде на другата страна и да проба да ги разбере фактите на другата страна. Секаде има вистина. Ова помага во идната кариера, бидејќи на учи да бидеме потрпеливи...

Continue reading

biljana socijalno

Ќе има, субвенции за струја

Post Views: 9 Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата...

Continue reading

dragana bocevska

Култура на високи потпетици

Post Views: 16 Драгана Боцеска уште четири години ќе директорува со Националната установа Центар за култура Григор Прличев. Вака одлучила министерката за култура откако ги разгледала апликациите и на двајцата останати кандидати кои го посакувале ова престижно директорско место. Канчевска-Милеска по втор пат и дава доверба на Боцеска. Ова е првата година од нејзиниот втор мандат. Боцеска кажува дека продолжува да работи со полна пареа објаснувајќи дека на повидок е реализација на голем број проекти. Министерството за култура од својот буџет издвоило околу 4 мил денари за проекти од...

Continue reading

galicica

Се за „Галичица“

Post Views: 2 Отворени двата информативни центри на НП „Галичица“, во Охрид и Стење. Почесни гости на отварањето беа основците од ОУ. „Григор Прличев“ и ОУ „Братство Единство“,  кои денес го одржаа првиот час по биологија, запознавање со вредностите на НП „Галичица“. Учениците задоволни и ова е новина за нив.„Искрено позитивно сум изненадена од овој музеј се беше во најдобар ред и имавме можност да се запознаеме со многу работи коишто претходно не сме се запознале посебно со убавините на Галичица, вели ученичката Марија. Нејзината другарка  Сара Зафироска вели дека центарот е добро...

Continue reading

pap test

Бесплатен ПАП тест, ама кога?

Post Views: 0 Наскоро започнува кампањата за спроведување на бесплатни ПАП тестови. Имено, со оваа кампања, во текот на наредните три години треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години. Главни имплементатори се Министерството за здравство, Центрите за јавно здравје од земјава и секако матичните гинеколози. Др.Слободанка Коцева од Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека сите 11 матични гинеколози на подрачјето на Охрид Струга и Дебар се уредно поканети. „Тие се должни со оваа покана да ги обавестат нивните пациентки на возраст од 24-35 години, да направат...

Continue reading

arterija

Центарот за културен проток „Артерија“, со ново изненадување за oхриѓани

Post Views: 1 „Идентитет и фацизам“е насловот на изложбата поставена во куќата на Робевци. Автори на изложбата се двајца автори од Скопје, дипломирани сликари. „ Артерија имаше распишано конкурс за да одбериме кои автори би го претставиле во овој цикус кој е едно продолжение од минатата година кој беше насловен како Мултивидартеризација така да ова ќе биде доза на Дуовит бидејќи ќе бидат претставени двајца автори“, вели член на Артерија Зорица Азеска. Фаците, особено силните кај кои повеќето мускули премногу ја измениле својата форма секогаш пренесуваат визуелно помоќна слика.  Човекот...

Continue reading

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов контра Алче

Post Views: 1 „Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје. „За Сашо Алче варењето на грав и автоклавирањето...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов бара извинување од Алче

Post Views: 2 Ноторна лага и клевета се обвинувањата кои ги искажа директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, на адреса на Центарот за Јавно Здравје. Не можеме и не смееме да дозволиме некој да оцрни една вака одговорна здравствена институција, посебно од аспект што позади неа стои еден долгогодишен добро обучен тим на доктори, пред се професионалци, вели директорот на Центарот за Јавно здравје, Атанаско Михаилов. Тој застана цврсто во одбрана на својата институција и потенцира дека сите вработени биле згрозени од она што го слушнале од страна на директорот на Комуналец. Во...

Continue reading

biro

Сопствен бизнис за излез од безработицата

Post Views: 4 Расте интересот кај невработените охриѓани за самовработување. Невработените лица кои редовно се пријавуват во центарот за вработување, имаат можност да аплицираат во повеќе проекти за започнување на сопствен бизнис. Така, од средината на декември се спроведуваше проектот „Самоврaботување – од идеја до бизнис“, со кој се даваше можност за формализирање на веќе постоечките бизниси. Иако апликациите по таа активна мерка завршија, интересот кај невработените e многу голем, објаснува директорот на центарот, Ване Баткоски. „Доствени се пријавите во Скопје и веќе е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top