Центарот за културен проток „Артерија“, со ново изненадување за oхриѓани

„Идентитет и фацизам“е насловот на изложбата поставена во куќата на Робевци. Автори на изложбата се двајца автори од Скопје, дипломирани сликари.

 |  Татјана Маленкова  | 
arterija
артерија

izlozba„Идентитет и фацизам“е насловот на изложбата поставена во куќата на Робевци. Автори на изложбата се двајца автори од Скопје, дипломирани сликари.

„ Артерија имаше распишано конкурс за да одбериме кои автори би го претставиле во овој цикус кој е едно продолжение од минатата година кој беше насловен како Мултивидартеризација така да ова ќе биде доза на Дуовит бидејќи ќе бидат претставени двајца автори“, вели член на Артерија Зорица Азеска.

Фаците, особено силните кај кои повеќето мускули премногу ја измениле својата форма секогаш пренесуваат визуелно помоќна слика.  Човекот учи да прави фаци од најрана воздраст, кога почнува да перципира, да имитира изгледи од околината. „Фацизам – самиот наслов кажува дека се работи за фаци – ликови кои не се конкретно портрети на одредени личности, туку само претставуваат експресија на тоа колку физички дозволува да се изрази еден лик“, вели уметникот Владимир Илиевски. На изложбата „Идентитет и фацизам“ Илиевски има изложено 30 дела во повеќе формати и во различни техники.

„ Речиси сите се реални ликови некои се и мои блиски и претежно се одглумени фаците и тоа сакам да го истакнам во целиов концепт – патетиката. Половина година го работев ова околу 30 тина дела се во масло на платно“, вели уметникот Владимир Илиевски.

Нarterijaаспроти фаците на Владимир, на изложбата свои дела има изложено и неговиот брат Гоце. Тој својот акцент го става на рацете и дланките. Иако кас секого рацете се разлочни од раѓање, сепак тие се обликуваат во текот на животот. „Според нивната структура ние можеме да забележиме некои детали за тоа како живеел човекот, со што се занимавал, колку физички бил активен и на какви услови најчесто бил изложен во работата и животот воопшто“, вели уметникот Гоце Илиевски.

„Би кажал дека е поврзано бидејќи секоја дланка е различна како и секој портрет и се обликува во текот на животот со влијанијата надворешни и внатрешни на човекот кои го даваат карактерот на дланката или портретот, така да има разлика но има и поврзаност“, вели уметникот Гоце Илиевски.

Гоце Илиевски е добитник на многу награди и признанија. Тој бил првенец на генерација во 2007 – 2008 год. Во 2007 год пак победник на натпреварот за дизајнирање на новогодишни честитки за Амбасадата на САД.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top