Сопствен бизнис за излез од безработицата

Охриѓани се повеќе заинтересирани за започнување  сопствен бизнис. Триесетина невработени апликанти, веќе дел од проектот „Самовработување од идеја до бизнис“. Сега уште една можност за самовработување и тоа преку проектот на Агенцијата за вработување, овојпат со кредитирање.

 |  Крсте Голабовски  | 
biro
biro

Расте интересот кај невработените охриѓани за самовработување. Невработените лица кои редовно се пријавуват во центарот за вработување, имаат можност да аплицираат во повеќе проекти за започнување на сопствен бизнис. Така, од средината на декември се спроведуваше проектот „Самоврaботување – од идеја до бизнис“, со кој се даваше можност за формализирање на веќе постоечките бизниси. Иако апликациите по таа активна мерка завршија, интересот кај невработените e многу голем, објаснува директорот на центарот, Ване Баткоски.

„Доствени се пријавите во Скопје и веќе е извршена селекција, на пријавените кандидати. Врз основа на моите сознанија, околу 33 лица ќе одат во натамошните фази на овој проект, односно ќе добијат средства во вид на грант за отпочнување на сопствен самостоен бизнис како претприемачи“, објаснува Баткоски.

biroОд неодамна уште една шанса за невработените лица. Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување, ја спроведува активната политика/мерка – Проект за самовработување со кредитирање. Со оваа мерка на корисниците на кредити ќе им се овозможи да започнат сопствен бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото и услужните дејности.

„Помалите бизниси ќе бидат финансирани до 9000 евра, додека поголемите бизниси до 17.000 евра. Во првиот случај, рокот за враќање е три години, додека за поголемите бизниси е 5 години, со грејс период од една година со 1% годишна камата“ вели директорот на Центарот.

Дополнителни стимулативни средства во висина од 1.000 евра се предвидени за лица невработени по однос на стечај, ликвидација или технолошки вишок. Така, лицата од овие категории, доволно е да бидат во евиденцијата на центрите за невработени лица најмалку 6 месеци, додека останатите, најмалку една година. За реализација на Проектот за самовработување со кредитирање предвидени се околу 2,5 милиони евра, кои ќе бидат наменети за околу 500 бизниси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top