Македонските политичари и ЕУ

Експертите од Центарот за европски студии велат дека теоријата сме ја совладале, но дека на праксата уште треба да се работи.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Иван Стојановски е можеби еден од идните политичари кој ќе учестува во кроењето на иднината на нашата земја. Тој деновиве е дел од работилницата во која дел од идните десничарски политичари од земјава, симулираат заседавање на институциите на Европската Унија како и за тоа, како изгледа да се биде дел од процесите за проширување на големото европско семејство.

politicari„Целата идеа е секој да може да сфати како е да се биде на другата страна и да проба да ги разбере фактите на другата страна. Секаде има вистина. Ова помага во идната кариера, бидејќи на учи да бидеме потрпеливи подипломати, да не настапуваме со вжарени глави, да настапиме мирно и со факти да ја освојуваме вистината и да ја освојуваме Европа“ објаснува Стојаноски.

Целата идеја на симулацијата е секој да мора да ги промени своите улоги за да успее да го разбере мислењето на другите. Така, претставници од Македонија кои ги менуваат улогите како министри за надворешни работи на Албанија на Белгија на Германија и на Грција. Но и на грчките учесници ќе им биде доделена улогата на министри за надворешни работи на Македонија, за да видат колку е лесно или тешко да се бранат македонските дипломатски интереси. Доктор Александар Бурка од Центарот за европски студии вели дека идните политичари од регионов се навистина добро потковани со теоретски знаеања за Европската Унија и функционирањето на нејзините институции, но…

„Она што уште недостасува и на кое треба да се работи е практичниот пристап. Читале и дебатирале многу за ова, па ги научиле и деталите, но практично не го направиле, затоа целта на се ова е да се научи како да се преговара“, потенцира Бурка.

Симулацијата е организирана од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии, а во соработка со младините на десничарските партии од  земјите во регионот, како Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и секако Грција.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top