Post Views: 13
На 27.07.2021 во СВР Охрид, приведен е М.П.(24) од Прилеп кај кого во Авто кампот „Градиште” во Охрид, пронајдена е марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”. При контрола извршена на 06.07.2021 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Поради...
Post Views: 5
Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата со кои тој се врши се веќе претесни. Посебно реагираат оние кои ја користат линијата печијаре-бараки-стобекс. Велат дека поради големиот интерес за користење на градскиот превоз многупати се случува седиштата да се исполнети и дел од патниците да стојат во возилото. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва. Од АД „Галеб“, превозникот кој го спроведува овој градски превоз, велат дека знаат за овој проблем и прават напори да изнајдат...
Post Views: 1
Редовен линиски превоз наместо училишен користат средношколците од селото Куратица. Со тоа на учениците им се ускратува законското право на користење на организиран школски превоз се жалат родителите . Скоро една година 10 – тина ученици кои учат во охридските средни училишта не користат школки туку редовен превоз се жалат родителите. Посебно е тешко во зима затоа што е студено и доцна се стемнува , велат родителите.
„ Оваа година тендерот го зел Галеб, а учениците ги вози Бале турс со редовна линија, а не со школски превоз. Ние се жалевме до МЗ, општината ...
Post Views: 0
Благодарение на поголемиот прилив на средства во општина Охрид, локалната ги зголеми предвидените средства за превоз и нафта во училиштата. Овие дополнителни средства кои се издвоија со последниот ребаланс на буџетот, според секретарот на општината Димитар Спасески се единствено во насока на регулирање на наследените долгови на училиштата кон економските оператори кои ги снабдуваат училиштата со нафта и кои го вршат превозот на учениците. Според опозицијата во градскиот совет пак, ваквото зголемување наговестува дека локалнатата работи недомаќински во делот на трошењето...
Post Views: 0
Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена од општинскиот Совет на ден 11.06.2015 година, објавен е јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид.
Подетални информации на следниот линк:
https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b1%d1%80-03-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%bb%d0%b0/
Post Views: 2
Во Охрид сите општински линии во моментов се возат без дозволи , а по 6 децении АД Галеб е претворена во див автобуски превозник, ја обвинува директорот на претпријатието Димитар Василевски Локалната самоуправа . Од претријатието укажуваат на целосен хаос во автобускиот општински линиски превоз во Охрид. Од 24 јуни нити еден превозник во Охрид нема решение за возење на линиски превоз, а во моментов сите општински линиски превозници возат без дозволи, потенцира Васислевски.
„ Нови дозволи немаме. Јавно кажувам дека Галеб на сите линии на теритроија на општина...
Post Views: 3
Автопревозниците од Охрид ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз од населените места до Охрид, и обратно од Охрид кон приградските и селските населби. На јавното наддавање кое за прв пат беше спроведено по електронски пат во општина Охрид, се наддавало за вкупно 11 автобуски линии на територијата на целата општина. Во наредните пет години, општинскиот линиски превоз ќе го спроведуваат четири компании за превоз на патници.
„Конечно денеска заврши јавното наддавање за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, односно дозволи за компании кои...
Post Views: 9
Со сила ништо не бидува. Се скараа „Сприја“ и „Секајца“. Се работи за две вевчански компании кои вршат линиски превоз на патници, на правец Вевчани – Струга и обратно.
Имено, на 5 ти овој месец на влезот во општина Вевчани во непосредна близина на некогашната фабрика „Стружанка“, некаде околу 12 часот на пладне се случила расправија помеѓу сопственикот на „Сприја“ Кире Србакоски и возачот на конкурентната фирма МАТ-ФИС Љубе Ангеличиноски. Според сопствениот на „Сприја“се работи за расправија која била очекувана, заради неажурноста на инспекторот за патен сообраќај...
Post Views: 4
Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...
Post Views: 17
Веќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник.
„Бараме како прво да има барем еден...
Post Views: 10
Таксистите ќе се ставаат во колосек. Со назначувањето на новиот советник инспектор за патен сообраќај се средуваат пропустите со авто таксистите во градов. Ова е еден од најгорливите проблеми кој се повеќе е изразен за време на летната сезона и за кој години наназад надлежните очајно бараат излез. Досега најчестиот изговор за незавидната состојба во која се наоѓа такси превозот во градов беше префрлање на топката од еден на друг. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски во врска со овој проблем излезе со првичните резултати на изречени казни.„Досега...
Post Views: 25
Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект.
Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната страна....