Низ градов тешко е да се вози линиски превоз

Нема постојки, и тие што се ги узурпираат дивите таксисти, нема табли со возен ред и уште еден куп други пропусти кои надлежните никако да ги решат. И покрај тоа веќе четири месеци на барање на граѓаните функционира градскиот превоз кој го спроведува АД „Галеб“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
галеб
galeb

Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект.galeb

Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната страна. Останатите немаат никакви услови за патниците тука да чекаат градски превоз. Освен што на коловозот е обележано со жолта боја дека тоа е автобуска постојка ништо друго не асоцира дека токму тука се чека градски превоз, вели Василевски.

Раководителот на АД „Галеб“ кажува дека некои постојки не само што не се уредени туку се и опасни за граѓаните. Ја посочи онаа на Железничка каде нема џеб во кој ќе биде сместена постојката, туку граѓаните чекаат буквално на тротоар, а возилата мора да застанат на коловозот што е многу опасно бидејќи оваа сообраќајница е магистрален пат каде се вози со голема брзина. Проблем преставуваат и дивите таксисти кои недозволено го узурпираат просторот наменет за автобуска постојка.постојка

Би апелирал до сообраќајната полиција да е малку поприсутна  на автобуските постојки бидејќи тие се наменети  исклучиво за автобуски превоз, а ги користат и дивите такси возачи што е вон сите законски прописи, вели Василевски.

Инаку, Василевски кажа дека генерално се задоволни како функционира линискиот превоз кој го спроведоа пред четири месеци. Најави дека втората линија која поминува низ Железничка ќе се прошири и ќе поминува од кај ФТУ и Охридати. Уште една новина е што од летово ќе се воведе линија за Албанија која ќе сообраќа до познатите туристички центри, а линијата за Скопје од неодамна стана експресна, а тоа знчи дек а од Охрид директно се патува за Скопје без да се влегува во попатните градови како Гостивар и Тетово.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top