Ознака: превоз

brezani

Брежанци немаат линиски превоз

Post Views: 24 Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и...

Continue reading

avtobuski prevoz

Наскоро градски превоз за охриѓани

Post Views: 3 Охриѓани повторно добиваат градски превоз. Локалната самоуправа вакво нешто најави уште минатата година, кога всушност беше извршено и бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот. Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје. Се чини наскоро и нивната, и желбата на сите граѓани, ќе биде остварена. „Постапката веќе е завршена комплетно. Имаме двајца оператори кои ќе работат, кои ќе возат. Едниот е Галеб, а другата...

Continue reading

polaganje vozacki ispit

16 годинишниците од јануари ќе можат да полагаат за возачка дозвола

Post Views: 30 Малолетниците за нешто повеќе од еден месец ќе може да управуваат со авомобили, се разбира ако ги совладаат сообраќајните правила. Оваа измена на Законот за безбедност на сообраќајот беше изгласана на владина седница пред точно една година.   Од автошколите ја поддржуваат оваа владина одлука и велат дека постарите малолетници, заслужуваат ваква можност, затоа што многу трезвено и одговорно ја прифаќаат оваа обврска. „Од следната година ќе можат да полагаат за возачка и од Б категорија и лицата со наполнети 16 години со тоа што за нив ќе има зголемен фонд на часови...

Continue reading

школо

Стартот на учебната година во охридските училишта без проблеми

Post Views: 20 Новата учебна година  во охридските училишта ќе започне навреме и без проблеми, информираат од Локалната самоуправа. Сите училишта се подготвени со соодветен  наставен кадар да ја почнат наставата за престојната 2012/2013 година. Иако ресорното министерството не ја има исполнето својата законска обврска и доцни со исплатата на наменските пари за непречено одвивање на наставниот процес, од локалната прават  напори учениците да не ги чувствуваат последиците, вели Серфим Наумоски од секторот  за образование. „ Средствата кои ги обезбедува Владата, како и во цела Македонија,...

Continue reading

gorna porta

Жителите на Варош бараат градски превоз

Post Views: 15 Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано  по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со  одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз. Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел  од градот. Од Локалната самоуправа велат...

Continue reading

letuvanje

Лептокарија и Неа Пори летна шема на охриѓани

Post Views: 20 Поголем број охриѓани имаат традиција својот годишен одмор да го поминат на некоја странска туристичка дестинација. Најчесто избираат да летуваат на море. Ова лето сепак поголем број од нашите сограѓани ќе останат дома од разни причини. Нашите сограѓани, пак кои сакаат и можат да си дозволат промена ги избираат поблиските и поефтините туристички дестинации во соседните земји, нагласува Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Едно просечно  4-рo  члено семејство, за апартманско сместување покрај плажа, за 7 дена во Грција со организиран превоз, ќе го чини...

Continue reading

Elziabeta Jankulovska

Еднаков третман за сите учесници на „Охридско лето“

Post Views: 6 Музичко-сценските уметници на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија ги условувија своите матични куќи дека нема да учествуваат на фестивалот „Охридско лето“ ако не им бидат исполнети нивните барања: хотелско сместување со полн пансион и дневница од 800 денари или 3000 денари дневно. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска пак, денес со став дека никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, а манифестацијата не смее да биде заложник на било какви условувања. Таа информираше дека понудата за учеството на членовите на Националните установи...

Continue reading

penzi

Пензионерите од село бараат бесплатен превоз до град

Post Views: 0 Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе...

Continue reading

nastoski

Се регистрираат пловни објекти

Post Views: 7 Задолжителна регистрација на пловени објекти. Тоа деновиве се регулира во капетанија. Во евиденцијата на Охридска капетанија пријавени се над илјада пловни средства кои имаат механички двигател, а регистрацијата во зависност од категоријате се движи од 250 до 2 750 денари. За тоа која е постапката за да може пловното средство да се пушти во вода, кажа Капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.„Прво и основно е да има доказ за сопственост на пловниот објект, а тоа се, фактура, царинска декларација доколку е самоградба изјава за самоградба. Наредна фаза е технички...

Continue reading

sare

Локалната должи пари за училишниот превоз

Post Views: 1 Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз. Парите кои за оваа намена ги добиваат како блок дотации од ресорното министерство не се доволни за да ги подмират давачките кон превозниците. Јован Мирчески, сопственик на Пупе компани, една од осумте избрани транспортни компании за училишен превоз, потврдува дека општината за превоз на учениците во основните и средните училишта само на неговата компанија и должи околу 9 милиони денари. Сериозноста на овој проблем ја потврдува и советникот за образование Серафим Наумоски. Тој вели дека средствата...

Continue reading

ucilnica

Блок дотациите од Mинистерството за образование недоволни за општина Охрид

Post Views: 0 Блок дотациите во образованието не ги задоволуваат потребите на општина Охрид. Советничката група на ВМРО НП на последната седница реагираше дека владата перманентно уште од минатата година ги намалува средствата кои се однесуваат на средства за греење и превоз на ученици во основното и во средното образование кои како блок дотации доаѓаат во општина Охрид. Советникот Јоне Станкоски вели дека за 4 и пол или 5 милиони денари се намалени средствата на општина Охрид, кои и се потребни за нормално да функционира образованието. „ Поголем проблем имаме во основото образовение....

Continue reading

taxi

Се зголеми цената на taxi превозот

Post Views: 3 Охридските таксисти денес се изборија за зголемување на цената за превоз на патници. После бурната расправа, нивната Предлог одлука  за изменување на одлуката за авто такси превоз на патници помина пред советниците. Така, отсега, цената за такси превоз ќе изнесува 50 денари старт, со прв изминат километар, а секој нареден километар ќе го наплаќаат по 30 денари.  {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top