Стартот на учебната година во охридските училишта без проблеми

Новата учебна година  во охридските училишта ќе започне навреме и без проблеми, информираат од Локалната самоуправа.

 |  Валентина Неловска  | 
школо
школо

Новата учебна година  во охридските училишта ќе започне навреме и без проблеми, информираат од Локалната самоуправа. Сите училишта се подготвени со соодветен  наставен кадар да ја почнат наставата за престојната 2012/2013 година. Иако ресорното министерството не ја има исполнето својата законска обврска и доцни со исплатата на наменските пари за непречено одвивање на наставниот процес, од локалната прават  напори учениците да не ги чувствуваат последиците, вели Серфим Наумоски од секторот  за образование.

школо „ Средствата кои ги обезбедува Владата, како и во цела Македонија, не се редовни и во нашата општина. Училиштата имаат борч  за неплатени фактури за превоз и нафта, но како општина нема да дозволиме да има недостаток на нафта и необезбеден превоз за учениците. Тендерот за училишниот превоз е завршен и учениците ќе бидат превезувани од местата на живеење до своите училишта “, нагласува Наумоски.

Реконструкцијата пак на старите општински училишни згради  ќе почека за следната учебна година. Според проектот на ресорното министерство во тек е избор на проектанска куќа која ќе ги прави реконструкциите на училиштата, па дури потоа ќе следува тендер за избор на најповолен изведувач. Со овој проект на Владата ќе бидат опфатени 5 охридски училишта, напоменува  Наумоски.

„ Од Министерството се опфатени за замена на старата дограма и кровните конструкции „Св. Наум Охридки“, Пештани, Електро машинскиот центар, „Григор Прличев“ и „Кочо Рацин“. Комплетна санација на санитарните јазли се планира во „Братство Единство“, објаснува Наумоски.
Локалната самоуправа пак, ќе ги заменува дограмите и кровните конструкции на неколку градски и селски училишта кои не се влезени во владиниот проект.
До првото полугодие  од учебната година 2012/2013 ќе бидат заменети кровните конструкции и дограмата  во „Св. Климент Охридски“,„ Христо Узунов“ и  „Братство Единство“, како и во подрачните училишни згради во Трпејца, Елшани, Долно Коњско и Вапила.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top