АД Галеб бара поништување на одлуката за општински линиски превоз

АД Галеб бара поништување на одлуката за општински линиски превоз.

 |  Валентина Неловска  | 
Галеб

галебВо Охрид сите општински  линии во моментов се возат без дозволи , а по  6 децении  АД Галеб е претворена во див автобуски превозник, ја обвинува директорот на претпријатието  Димитар Василевски  Локалната самоуправа .  Од претријатието укажуваат на целосен хаос во автобускиот општински линиски превоз во Охрид. Од 24 јуни нити еден превозник во Охрид нема решение за возење на линиски превоз, а во моментов сите општински линиски превозници  возат без дозволи,  потенцира Васислевски.

„ Нови дозволи немаме. Јавно кажувам дека Галеб на сите линии на теритроија на општина Охрид возиме на диво  исто како и сите други превозници. Јавно го повикуваме општинскиот инспектор за сообраќај да излезе и да не казни затоа што возиме на диво и нас и другите превозници. Да ни ги одземе линиите затоа што возиме нелегално и до правосилноста на решението на овој јавен повик селата во општина Охрид да останат без јавен превоз“, повикува Василевски.

Градоначалникот Никола Бакрачески да ја поништи постапката за доделување на линии за вршење општински јавен превоз, побара Василевски и покрај фактот што   најголем број линии  ги добил Галеб.  Во врска  последниото јавно надавање кое го спроведе локалната за распределба на дозволи за вршење линиски превоз, Василевски посочи дека  новата одлука за линиски превоз на патници е неиздржана, а укажува и на низа  пропусти.

„ Еден од најголемите пропусти  е што се дозволува во општинскиот превоз да се вклучат комби возила 8+1 кои со закон се забранети да се употребуваат во вршење на редовен општински и меѓуопштински превоз, за што минимален капацитет на превозното средство пропишан со закон е 16+1“ , подвлекува Василевски.

Василевски при тоа укажува дека се доделени линии на  несериозни превозници кои се фаворизирани. Василески обвини дека со постапката за доделување линии за општински превоз се протежираат субјекти кои не ги исполнуваат законските услови за учество во јавното наддавање за сметка на сериозните компании.

„ Имам свои податоци дека добар дел од фирмите кои учествуваа на јавниот повик немаа повеќе од двајца возачи, а конкурираа на барем два пакети, иако услов за тоа е да поседуваат четири возила и исто толку возачи. Во случај да не сум во право јавно ја повикувам комисијата да ме демантира со тоа што ги покаже документите со кои превозниците учествуваа на јавниот оглас“,  изјави Василевски.

Василевски посочи и дека системот за јавни набавки креиран од општината, имал многу технички проблеми, поради што „Галеб“и неколку други превозници,поднеле жалби.
Во распределбата за 11 пакети на возните редови немало ограничувања на линиите, со исклучок на сезонскиот превоз каде имало ограничување  само една фирма да може да учествува само за една линија, вели Василевски. Обвинува дека возните редови имаат за цел финансиски да ги истоштат превозниците. Наведува дека се зголемени места на поаѓање кој никој не ги барал, а  при тоа биле  без заштитно време.

ТВМ се обрати  до Локалната самоуправа за став по однос на овие обвинувања, но до затварање на дневникот не добивме коментар.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top