Ознака: превоз

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Неодговорноста на Стојаноски ги остави учениците без бесплатен превоз на почетокот од учебната година

Post Views: 3 Градоначалникот Јован Стојаноски заборавил на обврските кои со себе ги носи почетокот на учебната година. Покрај тоа што не реновирал ниту едно училиште, не набавил опрема или средства за воспитно-образовниот процес, Стојаноски заборавил да распише тендер за превоз на ученици, обвини на денешната прес коференција Сашо Донев претседател на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Охрид. „Деновиве набрзина ги задолжил училиштата сами групирани по неколку да објават тендери и да ја исполнат обврската. Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена...

Continue reading

Учениците од охридските основни и средни училишта останаа без организиран превоз

Post Views: 3 Првиот училишен месец започна без организиран превоз за охридските основци и средношколци. Организиран превоз нема, а причината се лоцира во ненавремено спроведен тендер за избор на превозна компанија, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „ Грешка е и во училиштата и во Локалната самоуправа. Факт е септември, прв месец од учебната година учениците ќе мора да се снаоѓаат сами за превоз до училиштата. По постапката по отварање на јавниот тендер по 14 септември , кон крајот на септември и почетокот на октомври,  кога ќе заврши постапката ќе има организиран превоз...

Continue reading

Хотам бара унифицирани цени на езерскиот превоз

Post Views: 7 Поради чести поплаки од туристи од хотелската асоцијација бараат да се најде начин за унифицирање на цените на езерскиот превиз. Едни од најчестите поплаки на туристите се токму   од кајчарите , кои цените  ги вадат од ракав. Од хотелската асоцијација сметаат дека мора да има унифицирани цени за секоја релација,  кои ќе бидат видно истакнати на пристаништата. Ценовник засега имаат само големите бродови со редовна линија, додека кајчињата, чамците и катамараните не. Според капетанија на пристаништа утврдување на единствени цени по вода  е технички неизводливо. „Тука постои...

Continue reading

Иднината на јавниот превоз е небесното такси

Post Views: 1 Сообраќајниот метеж, големите колони и премногу проведеното време во автомобил на преполните улици се чести сцени во големите градови ширум светот во кои бројот на автомобили одамна ги надмина можностите на инфраструктурата која е испланирана за значително помал број на возила. Поради овие причини големите градови решиле овој проблем да го надминат со подземните железници, а од компанијата SkyTran (која соработува со NASA) тврдат дека имаат ново и многу поевтино решение во однос на подземната или класичната железница, таканареченито небесно такси. Станува збор за систем...

Continue reading

Автобусот кој изгоре немал лиценца за меѓународен превоз на патници

Post Views: 12 Автобусот кој вчера се запали и изгоре, а во кој загинаа 45 граѓани меѓу кои и 12 деца немал лиценца за меѓународен транспорт на патници и воопшто не бил заведен во електронската евиденција на министерството за транспорт и врски. Колку време „Беса транс“ превезувала патници во странство со овој автобус и како тој воопшто ја минувал границата без соодветна документација, надлежните допрва ќе утврдуваат. „Беса транс“ имала лиценца за меѓународен слободен превоз на патници од 2018 година и која била важечка до 2022 година, а биле пријавени четири автобуси со лиценци, но...

Continue reading

Жител на Лескоец доби кривична за вршење јавен превоз без лиценца

Post Views: 12 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од охридското село Лескоец. При контрола во патниот сообраќај, извршена на 04.02.2022 година, полициските службеници на булеварот „Туристичка” во Охрид, го затекнале пријавениот како управува автобус сопственост на правен субјект од Охрид, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Физичките лица кои вршат воден превоз мора да се регистираат

Post Views: 5 Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од 1 ( една ) година. Истото...

Continue reading

Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо

Post Views: 2   Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо. Освен знакот дека тука има автобуска постојка ништо друго не асоцира на тоа. Нема ниту стојалиште,ниту  покрив, ниту пак клупа. Локалната самоуправа  неодамна на пет локации во градов постави нови автобуски постојки. Сите пет локации се на бул „Туристичка“. Две од нив се кај маркетот „Тамаро“ во непосредна близина на ул. „Абас Емин“, една кај зградата на Печијаре, стојалиште има помеѓу Охридската гимназија и ОУ „Григор Прличев“ и една веднаш после пресекот...

Continue reading

japonci

Јапонците, паметен народ

Post Views: 10 Јапонците го почитуваат времето, па просечното време на доцнењето на возовите во Јапонија е седум секунди, деца до шесто одделение во училиштето учат етика, забрането е мобилните телефони да се користат во јавниот превоз, бидејќи ги вознемируваат другите луѓе. Целиот свет им се восхитува на Јапонците, кои нивната земја по 1945-та година ја воскреснаа од пепелта и од целосно уништена стана една од најпросперитетните и најбогатите земји во светот. Сепак, обично сé се завршува само со восхитување, а ние самите како општество не се ни обидуваме да направиме нешто за да...

Continue reading

Иднината на јавниот превоз или научна фантастика

Post Views: 0 Денес е тешко  да се предвиди како би изгледала иднината, но некои луѓе даваат идеи, други пак  се обидуваат тоа да го претворат во реалност. Ова е концепт на новата генерација за транспорт кој не изгледа неизведливо и предалеку. “Летечки ресторан” кој служи за превоз помеѓу градови може да биде своеврсна иднина на јавниот превоз за кратки релации. Како и да е, иднината нема да изгледа онака како што ја замислуваме, но веројатно ќе биде интересна. Во продолжение можете да го видите видеото како некои луѓе ја замислуваат иднината на јавниот превоз.  {loadposition co...

Continue reading

Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии

Post Views: 0   Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии. Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на АД...

Continue reading

Спроведени контроли на автобуси и други возила за јавен превоз на патници

Post Views: 0 СВР Охрид спроведе акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, на вонреден технички преглед биле испратени 16 автобуси (Охрид 06, Струга 07, Кичево 02, Дебар 01), а кај 4 автобуси констатирани се технички неисправности на уредот за сопирање (Охрид 01, Струга 01, Кичево 1, Дебар 01). Против возачите и правните субјекти поднесени се соодветни платни налози –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top