„Секајца“ удри во „Сприја“

Фрчат искри помеѓу „Сприја“ и „Секајца“. Станува збор за две вевчански компании кои вршат превоз на патници. Тие се скараа поради недоразбирање на професионален план.

 |  Билјана Николовска  | 
Vevcani
Вевчани

VevcaniСо сила ништо не бидува. Се скараа „Сприја“ и „Секајца“. Се работи за две вевчански компании кои вршат линиски превоз на патници, на правец Вевчани – Струга и обратно.

Имено, на 5 ти овој месец на влезот во општина Вевчани во непосредна близина на некогашната фабрика „Стружанка“, некаде околу 12 часот на пладне се случила расправија помеѓу сопственикот на „Сприја“ Кире Србакоски и возачот на конкурентната фирма МАТ-ФИС Љубе Ангеличиноски. Според сопствениот на „Сприја“се работи за расправија која била очекувана, заради неажурноста на инспекторот за патен сообраќај кој и прогледувал низ прсти на фирмата МАТ – ФИС, која вршела превоз на патници без соодветната дозвола за одобрение на возен ред која се добива во Министерството за транспорт и врски. Србакоски потенцира дека за време на неговото 11 годишно опстојување како лиценцирана фирма за меѓуградски превоз не се соочувал со посериозни проблеми, но сега му се наметнува дива нелојална конкуренција која ги користи сите механизми за да му наштети. Србакоски рече дека станува збор за обична расправијаа. Како што и самиот за ТВМ изјави тој не бил присустен кога полицијата дошла да направи записник.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди овој настан. Тој кажа дека имало нарушување на Јавниот ред и мир во Вевчани во кој учествувале две лица. Според информациите на Димоски, вербалната расправија помеѓу двајцата преминала во физичка тепачка во која возачот на МАТ – ФИС се здобил со видливи пвреди на лицето. Димоски кажа дека тепачката била спречена од граѓанин. Полицијата излегла на лице место и биле обавени разговори со лицата учесници во тепачката како и со неколку сведоци, за што Секторот на јави покренување на прекршочни пријави.

Не успеавме да стапиме во контакт со сопственикот на „Секајца“ Ставре Шекуткоски, бидејќи тој денес не одговори на нашите телефонски повици.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top