Ознака: охридското

Никнува ли нова депонија, овој пат на дното на Охридското Езеро?

Post Views: 4 Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото. Откако ја извадија од езерото, кадата сеуште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. Викендов членот на нуркачкит центар „Акватек“ Никола Паскали извади и вреќа со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана исто така во езерските води.

Continue reading

Охридското езеро останува без концесионер

Post Views: 0 Охридското езеро останува без концесионер. Постапката за избор на концесионер која ја спроведува комисија формирана од владата, составена од членови од повеќе министертсва, сеуште не е завршена. Kомисијата ги евалуирала комплетните понуди и спровела електронска аукција по која доставила предлог за избор за понудувач кој понудил највисок концесиски надоместок. Но, поради направен наводен превид, веќе има поднесено жалба до второстепената комисија, која пак е надлежна да одлучи по истата, а потоа да даде насоки за натамошно постапување со донесување на решение. „Се надевам...

Continue reading

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Post Views: 1 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Continue reading

Охрид годинава е домаќин на одбележувањето на 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро

Post Views: 10 19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство. Градоначалникот на Охрид, Констанетин Георгиески е убеден дека тимот кој ќе патува во Баку , од кој дел е и тој самиот, има доволно аргументи да го одбрани статусот на Охрид. Тој вели дека интензивно се работи на...

Continue reading

Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим

Post Views: 0 Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР. Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга...

Continue reading

Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро

Post Views: 1 Локацијата за изградба на марина и понатака спорна и камен на сопнување на трибината на која требаше да се слушне мислењето на јавноста при изработката на Студија за ревитализација на Студенчишкото блато и регулацијата на водниот сообраќај на Охридското езеро. Различни мислења и ставови се слушнаа на денешната трибина која ја организираше општина Охрид. Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти дали и каде да се гради марина. Стручните лица од Хидробиолошкиот институт и научната заедница бараат нивно вклучување во  дијагностицирање...

Continue reading

Голем дел од хотелите на Охридското крајбрежје ќе стават клуч на врата

Post Views: 2 Во пресрет на есенските месеци голем дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро повторно ќе стават клуч на врата. Половина година, поголемиот дел од хотелите беа затворени, а трите месеци во екот на сезона кога имаше туристи не се доволни да се покријат трошоците за нормално функционирање, велат од хотелската асоцијација ХОТАМ. Дополнително негативно е што оваа есен одложени се сите семинари и конгреси, хотелите од крајот на септември зјаат празни. Да не заборавиме дека шест месеци од оваа година бевме затворени и сите објекти кои работат 12 месеци годишно...

Continue reading

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И РЕГУЛИРАЊЕТО НА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ПО ПРЕПОРАКИТЕ НА РЕАКТИВНАТА МОНИТОРИНГ МИСИЈА НА УНЕСКО

Post Views: 8 Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на 06.06.2018 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните...

Continue reading

Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар ги изнесе забелешките за охридското угостителство

Post Views: 2 Имате прекрасен град и природа, но не и понуда во гастрономијата и кулинарството, проговори за состојбите во охридското угостителствбо Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар. Мора доста да работите за да се подобрат состојбите, особено во едукацијата на готвачите кои се без елементарни знаења, а недостасуваат и квалитетните локални продукти кои ги имате во поднебјето, но не се во кујните на рестораните, забележува Дијана. Тоа е како да имате ламборџини со мотор од фијат, искрен во сугестиите Дијана, шеф со Мишелин ѕвезда. „Она што недостасува кај локалните шефови...

Continue reading

Помош за управување со води околу Охридското Езеро од Јапонски експерти

Post Views: 6 Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со тимот експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА) предводен од Акира Такечи. На средбата се разговарало за реализација на планираниот проект „Собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Македонија” за што беше понудена експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во оваа област. Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е...

Continue reading

zastita kulturno nasledstvo

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Post Views: 3 Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија. „Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...

Continue reading

Се побројна белата флота на Охридското езеро

Post Views: 14 Расте бројот на патнички бродови за превоз на туристи. Нови два големи бродови  за по  150 патници ова лето ќе крстарат по синото езеро.  Со нив Охрид,  вкупно ќе има шест големи модерни и стабилни бродови за превоз на патници. И оваа сезона најатрактивни за туристите ќе бидат  ноќните и денските панорамски крстарења  до Канео и Свети Наум.  „Тоа е добар показател дека туризмот се движи нанапред побарувачката на пазарот го прави своето. Во моментов два бродови се во каналот кои се во фаза на ремонт. Едниот е при крај а другиот повеќе од поливина ја заврши работата....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top