• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро

Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро

Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти. Капетанот на Капетанија на Пристаништата на РМ даде конструктивно решение, марината да се изгради на потегот на Центарот за обука на вода и Комуналец каде што со најстроги стандарди ќе биде заштитено Езерото и ќе се ревитализира  и Студенчишко блато.

 |  Валентина Неловска  | 

Локацијата за изградба на марина и понатака спорна и камен на сопнување на трибината на која требаше да се слушне мислењето на јавноста при изработката на Студија за ревитализација на Студенчишкото блато и регулацијата на водниот сообраќај на Охридското езеро. Различни мислења и ставови се слушнаа на денешната трибина која ја организираше општина Охрид. Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти дали и каде да се гради марина. Стручните лица од Хидробиолошкиот институт и научната заедница бараат нивно вклучување во  дијагностицирање на сите фактори кои го загадуваат езерото и транспарентност од испитувањата во Студијата од пред 7 години. Бараат напуштање на идејата марината да биде изградена во Студенчишкиот канал, но при тоа не понудија алтернативно решение каде да биде нејзината локација.

„Изградбата на марина на Студенчишкиот канал кој носи свежа вода во Охридското езеро , а на која треба да се направат и пропратни објекти за марината, ќе го загрозат каналот. Таму нема простор дел од пределот е  од Студенчишкото блато, а Унеско забранува. Не гледам друга можност“, кажа Талески од Хидробилошкиот завод.

Горан Устијаноски , Капетан на Капетанија на пристаништа на РМ, даде конструктивен предлог како и каде да се направи марина на најефикасен, најекономичен и најеколошки начин. Понуди решение за изградба на марина на Охридското езеро од кое сите ќе бидат задоволни. Тој посочува дека градот расте и марината е неопходност, а само контролиран процес може да го спаси од сегашните хаотични состојби кои со децении прогресираат при загадување на езерото. Предлга изградба на марина на местото на Центарот за обука на вода.

„ Никаков грев не е едно насипано место со чакал во центарот за обука на вода да го ископаме кое насипано со тампон макар и да не го користиме. Со цела почит, на сите ние важна чистата вода од езерото од која сите пиеме, но не може во бесконечност да биде оставено без марина. Треба за заземе став, не постои поефтино решение, потехнички и поестетски оправдано решение за развој на туризмот“ , вели Устијаноски.

Од здружението на граѓани„  Куп за едрење на Охридското езеро“ предлагаат низа решенија. Меѓу нив е  изградба на прифатилиште на едрилици на потегот кај Центарот за обука на вода и изградба на потребна инфраструктура со која ќе се запре понатамошната девастација на Езерото.

„ Намалување на бројот на моторните пловни објекти со големи сили и поддршка и промовирање на едрлиците како еколошки пловни објекти“, е предлогот на Будимир Соколовиќ од името на здружението.

Се слушнаа предлози од присутните локацијата за изградба на марината да биде во пределот на Грашница. Дејан Николоски, советник во Владата, кој беше присутен на трибината напомена дека локацијата дополнително ќе биде избрана , а изработката на Физибилити студијата треба да даде одговор за оправданоста од изградба на марина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top