Голем дел од хотелите на Охридското крајбрежје ќе стават клуч на врата

На прагот на есента голем дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро повторно ќе стават клуч на врата. Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат повторно е потребна финансиска помош од државата.

 |   | 

Во пресрет на есенските месеци голем дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро повторно ќе стават клуч на врата. Половина година, поголемиот дел од хотелите беа затворени, а трите месеци во екот на сезона кога имаше туристи не се доволни да се покријат трошоците за нормално функционирање, велат од хотелската асоцијација ХОТАМ.

Дополнително негативно е што оваа есен одложени се сите семинари и конгреси, хотелите од крајот на септември зјаат празни.

Да не заборавиме дека шест месеци од оваа година бевме затворени и сите објекти кои работат 12 месеци годишно ќе трпат големи загуби. Во однос на капицетите кои работат сезонски за нив имаше исполнетост и би биле во позитива на крајот на годината. Останатите што работат долгорочно ќе покажуваат негативни бројки – вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Според ХОТАМ државата од сега треба да прави економски пакет мерки за поддршка на хотелско-угостителскиот сектор.

Секако очекуваме некаква помош барем тука може лесно да се види кои се, а  кои не се загубари. Сите што имаат негатвни бројки на крајот на годината ќе треба да добиват некаква помош која  треба да се решава од сега дали ќе биде плата или како и да биде ќе биде од помош – додава Блажески.

Туристичкото стопанство е една од најпогодените гранки  од стратот на пандемијата. Речиси и да нема компанија од овој сектор која изминативе две години не претрпе загуби.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top