Ознака: охридското

Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со отпад

Post Views: 5 Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа прекриен со разноразен отпад од пластика. Во должина од неколку километри може да се види цврст отпад, шишиња, кеси и друга пластична амбалажа кои ги донесе реката Черава, која од соседна Албанија се влева во Езерото. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната сампуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ утрово започнаа акција за расчистување на теренот од кампот Љубаништа према Св. Наум од делот...

Continue reading

Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари

Post Views: 14 Според најновите неделни и дневни мерења на УХМР водата на Охридското Езеро е на кота од 693,33 м.н.в што е за 8 сантиметри под просекот за месецов (693,42 м.н.в). Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за три сантиметри. Температурата на езерската вода е 7,5 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.

Continue reading

Охридското семејство Хусоски живее во крајно субстандардни услови

Post Views: 1 Петто членото семејство Хусоски од Охрид живеат во крајно субстандардни услови. Потстанари се во една изнајмена соба за која плаќаат месечно 3000 денари кирија. Покрај тешките услови во кои живее ова семејство, две од трите малолетни деца имаат сериозни здравствени потешкоити. Парите кои ги заработува сопругот и детскиот додаток за трето дете кое го зема Нермина не им стасуваат за купување лекови и патни трошоци за лекување во скопските Клиники , вели младата мајка. 36 годишната Нермина Хусоска апелира да и помогне заедницата нејзините три деца да добијат нормални услови...

Continue reading

Се враќа ракот во Охридското Езеро

Post Views: 7 Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид. Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ цела Европа. Најраспространет е Европскиот слатководен рак Astakus astakus, кој може да се сретне насекаде во Охридското Езеро. Овој рак преферира меко дно со малку песок. Тој копа тунели на...

Continue reading

Одземена концесијата на фирмата “Летница Белвица“ за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро

Post Views: 3 Одземена концесијата за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро на фирмата “Летница Белвица“. Концесионерот  го прекршил Законот и договорот за концесија  по неколку основи поради што на вчерашната седница на влада се донесе одлука за раскинување на договорот, кажа денеска во Охрид министерот  земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.Во само неколку месеци од добивањето на концесијата до МЗШВ стигнале низата реакции од рибари, граѓани и од медиумите за работењето на концесионерот поради што во декември минатата година  Државниот инспекторат...

Continue reading

Петар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро

Post Views: 7 Петар Рупески кој вчера беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои скокаа по Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тоа е традиција која се негува со децении наназад и која воопшто не била прекината, дури и во онај период кога фрлањето на крстот било забрането. Досетливите охриѓани водите ги осветувале на денешниот ден под изговор дека тоа го прават бидејќи завршува забраната за риболов. Рупески е пресреќен што е еден од продолжувачите на оваа прекрасна традиција и иако светиот...

Continue reading

Формиран Меѓудржавен Комитет за заштита на Охридското Езеро под Унеско

Post Views: 1 За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.  Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион. „Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство или други...

Continue reading

Во охридското село Куратица се одржа Курајчкиот Карневал

Post Views: 5 Боки 13 и Катица Јанева, но и многу други маски продефилираа, синоќа, на традиционалниот Курајчки карневал. Голем број на гости и учесници беа дел од традиционалниот карневал кој е со долга традиција во ова охридско село и годинава се одржа по 22-ри пат. Со музика, песна и смеа се одбележа празникот Василица. Василичарите беа маскирани и на шегобиен начин преку различни маски придонесоа за веселата празнична атмосфера. Беа прикажани разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава. Месната заедница од село Куратица, здружението...

Continue reading

Охридското Езеро не смее да претставува отпад за дотраени пловила

Post Views: 1 Усогласување на домашната со европската регулатива за внатрешна пловидба е еден од најважните приоритети оваа година на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Секојдневно работиме на текстови и идеите кои треба да се имплментираат во Правилникот и Законот за да се доближиме до европските правила во пловидбата , вели Горан Устијаноски капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. „Огромен е проблемот со неприменливост на некои европски правила врз фактичката ситуација во која сега ние функционираме. Мора да има поголема прагматичност и да се решаваат работите...

Continue reading

Во склоп на проектот „Харт сејв ситис” подобрени условите во охридското здравство

Post Views: 9 Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања ја обнови и надгради својата опрема преку набавка на десет автоматизирани дефибрилатори, комплетно опремено абулантно возило, централен мониторинг на интензивна нега и апарат за ехокардиографија. Клучно е што во склоп на овој проект секојдневно се вршат едукации на граѓани и медицински персонал за основно и напреднато одржување во живот со цел да се подобрат здравствените услови на ниво на градот. Добро познато ни е на сите дека на годишно ниво најголема смртност од кардиовасуларни заболувавања пред пандемијата со...

Continue reading

„Армада“,нов брод во Охридското Езеро

Post Views: 26 Охридското Езеро ќе го крстари уште еден брод. „Армада“ е брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. Идеата на сопствениците да набават брод им тлеела одамна, но сега се создале услови за тоа. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи. Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни...

Continue reading

СТАРТУВА САНАЦИЈАТА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРO

Post Views: 0 Со пригодна свеченост во Охрид беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во своето обраќање пред присутните истакна дека овој значаен проект започнува како резултат на конкретни подготовки, барање на најдобри решенија и финансиски срeдства за реализација. – Овој сериозен зафат го преземаме затоа што несеопфатната реализација и негрижа за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top