Во склоп на проектот „Харт сејв ситис” подобрени условите во охридското здравство

Се подобруваат условите во охридското здравство. Целта на проектот „Харт сејв ситис”, кој изминативе две години се реализира во Охрид е зголемување на бројот на ефикасни интервенции во случаи на вонболнички инциденти на срцеви удари и да се спасат животите на пациентите.

 |   | 

Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања ја обнови и надгради својата опрема преку набавка на десет автоматизирани дефибрилатори, комплетно опремено абулантно возило, централен мониторинг на интензивна нега и апарат за ехокардиографија. Клучно е што во склоп на овој проект секојдневно се вршат едукации на граѓани и медицински персонал за основно и напреднато одржување во живот со цел да се подобрат здравствените услови на ниво на градот.

Добро познато ни е на сите дека на годишно ниво најголема смртност од кардиовасуларни заболувавања пред пандемијата со корона вирусот информациите беа околу 18 милјарди на годишно ниво и како дел од овој проект ни е едукацијата на граѓаните за обезбедување на таа прва медицинска помош доколку некој добие ненадеен кардиоваскуларен настан – истакна Виолета Мојсоска.

Бенефитот од проектите е голем за една јавна здравствена институција и ценам дека и во иднина треба максимално да ги користиме овие проекти со цел развој набавка на опрема медицинска едукација итн – изјави Елена Коваческа Башуроска директор на Специјалната болница за каридоваскуларни заболувања.

Како дел од овој европски проект и Здравствен дом Охрид доби современа опрема и амбулантно возило.

Здравствен дом Охрид се снабди со ново амбулантно возило, со комплетна фул опрема, исто така добивме доста медицинска опрема современа како на пример мобилни распиратори, дефибрилатори, мониторинг ЕКГ системи, сетови за мобилизација, сетови за опекотини. Исто така Здравствен дом Охрид благодарение на оваа многубројна опрема и амбулантно возило обезбеди подобрување на превентивната здравствена заштита – вели Ајсел Зејноска директор на Здравствен Охрид.

Целта на проектот е зголемување на бројот на ефикасни интервенци во случаи на вонболнички инциденти на срцеви удари и да се спасат животите на пациентите.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top