Во охридското село Куратица се одржа Курајчкиот Карневал

Со песна и шега преку различни видови маски беше одбележан празникот Василица. На шегобиен начин учесниците на карневалот прикажаа разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава.

 |  Валентина Неловска  | 

Боки 13 и Катица Јанева, но и многу други маски продефилираа, синоќа, на традиционалниот Курајчки карневал. Голем број на гости и учесници беа дел од традиционалниот карневал кој е со долга традиција во ова охридско село и годинава се одржа по 22-ри пат. Со музика, песна и смеа се одбележа празникот Василица. Василичарите беа маскирани и на шегобиен начин преку различни маски придонесоа за веселата празнична атмосфера. Беа прикажани разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава.

Месната заедница од село Куратица, здружението на граѓани Св. Василиј и населението на с.Куратица покрај за добра организација се погрижија и за награди за најоригинални маски.

Во категоријата детски маски најуспешни беа маските „Како ЕУ влегува во Куратица“, „Долг е патот до ЕУ“ и „Авто сервис Злат“. Во категоријата возрасни нагардени се „Домаќинска куќа“, Заштитени лопови“ и „Дрвократци од Курајца“. Карневалот привлекува се повеќе гости не само од Охрид туку и од други краеви во земјава. Па така, специјална награда добија Жетварите од Прилеп  од ЗГ „Прочкари“.

Маскирањето на овој празник во Куратица е вековна традиција на празникот Василица. Курајчани велат дека василичарските адети се стари колку и селото , околу 5 века.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top