Ознака: охридското

Охридското езеро на милост и немилост на рибокрадците

Post Views: 0 Четири месеци Охрдското езеро е без концесионер. Откако во август годинава министерството за земјоделие  поради неплатени обврски,  му ја одзеде лиценцата  на концесионерот „Пастрмка 2012“  езерото е без заштита. Нема рибочуварска служба,   која треба да се грижи за незаконитото изловување на  ендемските видови риби, а  миниситерството засега нема распишано ниту конкурс за нов концесионер. „Прашањето дали треба да има концесионер или не е да речам меч со две оштрици. Доколлку нема концесиоенер кој би се грижел пред се за заштитата а не за ловот тогаш ни треба концесионер...

Continue reading

Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино

Post Views: 19 Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“ кој се одржа во Александровац, Република Србија. Производител на ова вино е винаријата Мал Св. Климент, а сопственикот Будимир Соколовиќ задоволен од освоеното второ место кажува дека ова вино е специфично по многу негови карактеристики што ги препознаа и стручњаците. Наградата ја добив согласно квалитетот на виното кое одлежува веќе 18 месеци во барик дабова бочка и има порафиниран, попрефинет вкус. Ова беше добра можност да се презентираат и вината од охридскиот регион кои не...

Continue reading

Охридското езеро се наближува до дозволената минимална кота

Post Views: 6 Од месец мај до сега, нивото на Охридското езеро намалено за околу 80 сантиметри. Екологистите предупредуваат дека причина за ова се климатските промени и испарувањето на водата. Екологистот Лазо Наумоски објаснува дека на годишно ниво од езерото испаруваат преку 350 милиони кубни метри вода годишно. Тоа е голема количина на вода, додека на годишно ниво преку Дрим истекнуваат дополнителни милијарда и 300 милиони,а научно и стручно докажано е дека 40% од истечената вода испарува.Наумоски додава дека доколку продолжи ваквата состојба, најмногу ќе биде погоден живиот свет...

Continue reading

Охридското стопанство има потреба од сите стручни профили

Post Views: 1 На пазарот на труд се чувствува недостаток од сите профили. Охридското стопанство е гладно за одредени стручни кадри со високо техничко образование, но и среднисти и занаетчии. На пазарот на труд има потреба од електротехничари, градежни работници од повеќе профили , заварувачи, машински инжинери, вели Маја Биткоска Ташковска директор на Агенцијата за вработување. „ Има голема побарувачка за возачи но и нив ги нема на пазарот на труд. А побарување има. Владее незадоволство од понудената плата особено кај возачите кои возат во странство“, вели Биткоска Ташкоска.Недостасуваат...

Continue reading

На охридското крајбрежје има интерес за странски вложувања во изградба на хотели

Post Views: 5 На охридско – струшкото крајбрежје се повеќе се чувствува недостиг од хотелски капацитети, посочуваат хотелиерите. Сегашните 7000 легла во хотелските сместувачки капацитети на крајбрежјето се недоволни. Со изградбата на 10 – тина хотели, со по 200 соби или околу 10.000 легла, би ги  задоволиле потребите, напоменува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска при работната посета на Охрид информира дека странски инвеститори се заинтересирани за вложување во туризмот на крајбрежјето. „ Од аспект на инвестиции има...

Continue reading

Одбележани 105 години од почетокот на Охридското востание

Post Views: 0 Охриѓани со историски час одбележаа сто и пет години од започнувањето на Охридското востание. 12 септември 1913 година во историјата се споменува и уште како септемвриско и македонско – албанско востание. Централниот комитет на Внатрешна Македонска револуцонерна организација и Албанскиот револуционерен комитет предводени од Петар Чаулев и Сефедин Пустина одлучиле да кренат востание на 7 септември кое траело до 20 август.  Една од  причините за почетокот на востанието  била поделбата на Македонија  со Букурешкиот мировен договор од 1913-та година и репресиите кои...

Continue reading

На охридското крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона

Post Views: 2 Хотелиерите ги сумираат туристичките остварувања од летната сезона 2018. Задоволни се од резултатите бидејќи расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти. Во шпицот на сезоната туристите барале и легло повеќе. Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека подолго се во ситуација кога не можат да ги исполнат барањата на туроператорите во поглед на сместувачките капацитети. „Нема доволен број на легла и покрај тоа што на крајбрежјето се изградија неколку нови хотели во изминативе две – три години. Бројот не е задоволителен...

Continue reading

Локална самоуправа: Охридското образование се подобрува без помпа и фалби

Post Views: 2 Во насока на правилно и соодветно информирање на јавноста, должни сме да посочиме на неколку невистини и недоследности искажани на  прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, реагираат од општина Охрид. – ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид веќе подолго време ја замајува јавноста преку банални пресови во кои изнесува многу невистини и изместени ставови. Што се однесува до грижата за образованието во Охрид, воопшто не се точни тврдењата дека локалната и централната власт не водат сметка. Баш напротив, во изминатиов период од кога на локална власт е СДСМ беа зголемени блок дотациите,...

Continue reading

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со критики за охридското здравство

Post Views: 0 Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат и не се набавува современа медицинска опрема, обвини Кирил Пецаков член на Извршниот комитет од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството, рече Пецаков. „ Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот...

Continue reading

За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд

Post Views: 0 Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка...

Continue reading

Ценатрот за јавно здрвје ќе го испитува пристуството на видот на комарците на охридското крајбрежје

Post Views: 5 Црвено светло за аларм е вклучено, Центарот за јавно здравје ќе го испитува пристуството на видот на комарците на охридското крајбрежје кое ја пренсеуваат зарзната болест маларија, информира епидемилотгот Д-Р Јованка С. Коровешоска. Охридското поднебје е ендемично подрачје  за  маларија каде комарците на водните површина положуваат ларви. Во земјава, лани биле регистрирани 5 случаи на внесена маларија на лица кои престојувале во афричките и азиските земји. Исто така, Западно Нилската треска, кој ја предизвикуваат комарците е регистрирана во соседните земји Грција и Албанија...

Continue reading

Колекторскиот сиситем на Охридското езеро е во колапс

Post Views: 0 На Охридското Езеро не функционира колекторскиот систем со пречистителната станица во Враништа и пумпните станици. Колекторот е пуштен во употреба точно пред 3 децении и сега е во целосен колапс. Тоа е нашиот најголем еколошки проблем, изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски по обиколката на пречистителната станица во Враништа, со првите луѓе на Проаква од Охрид и Струга. До месец септември очекуваме помош од Владата, бидејќи станува збор за голема инвестиција која општините од двата соседни града не можат да ја обезбедат. Во меѓувреме, МЈП Проаква заедно со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top