На охридското крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона

На охридскот крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона. Хотелиерите велат дека на крајбрежјето се барало легло повеќе. За да се задоволат барањата на туроператорите од поголемите земји од Европа и светот се потребни нови хотелски капацитети. 

 |  Валентина Неловска  | 

Хотелиерите ги сумираат туристичките остварувања од летната сезона 2018. Задоволни се од резултатите бидејќи расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти. Во шпицот на сезоната туристите барале и легло повеќе. Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека подолго се во ситуација кога не можат да ги исполнат барањата на туроператорите во поглед на сместувачките капацитети.

„Нема доволен број на легла и покрај тоа што на крајбрежјето се изградија неколку нови хотели во изминативе две – три години. Бројот не е задоволителен за капацитететот кој го бараат туроператорите за оваа дестинација“, подвлекува Блажески.

Во моментов охридско – струшкото крајбрежје располага со околку 7000 легла. Оваа бројка  не е доволна за туроператорите од поглемите земји од светот и Европа, ги нагласува Блажески слабостите во нашата туристичка индустрија. Оптимална бројка за да се задоволат барањата на туроператорите би била околку 10.000 легла вели Блажески, бидејќи расте интересот за туристички престој на гости од поголемите европски земји, како што се на пример гостите од Полска.

 „Интерес има, но се соочуваме со недостаток на сместувачки капацитети. Велиме зошто нема руски или украински гости, но туроператорите за да воспостават авионски линии им треба и поглеми сместувачки капацитети. На пример во соседните земји како што е Бугарија од Варна до Бургас имаат над 100.000 легла и се сериозна дестинација да примат гости за разлика од Охридското Езеро. Ние сакаме масовен туризам, но не можеме да ги задоволиме потребите ни на малиот туризам“, вели Блажески.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека турисичката посета на Македонија за првите шест месеци е во пораст. Бројот на туристите се зголемил за 16,4 проценти во однос на истиот период лани. Паралелно со посетите, во пораст се и остварените ноќевања. Во истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 16 проценти. Само во јуни годинава во Македонија допатувале 102.327 туристи и оствариле 243.175 ноќевања. Тоа е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани, а биле реализирани и 23,4 отсто повеќе ноќевања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top