Ознака: овој

kandidati

Претседателските кандидати со чисти досиеја

Post Views: 2 Меѓу четворицата кандидати за шеф на државата – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, нема соработник со тајните служби утврди Комисијата за верификација на факти. Комисијата за лустрација потврдила дека нивните досиеја се чисти и за тоа ја информирала Државната изборна комисија. Законот предвоидува дека кандидатите за сите видови избори мора да ја поминат лустрациската проверка за да се утврди дали некој од нив соработувал со тајните служби или издавал наредби за следење на политички неистомисленици. Уште поголема работа ги чека лустраторите...

Continue reading

Riste Kjushkoski

„Отвори врата за својата иднина“

Post Views: 8 „Отвори врата за својата иднина“ е новината која доаѓа од струшките социјалдемократи, со која сакаат да го проверат јавното мислење на своите сограѓани, односно да слушнат за нивните проблеми и маки. Претседателот на О.О. На СДСМ од Струга, Ристе Ќушкоски, истакна дека ова е проект од граѓаните за граѓаните од кој ќе произлезе програмата на СДСМ. „Преку овој проект секој граѓанин на струшкиот регион ќе може да го искаже своето незадоволство од руралната или урбаната средина во која живее и тоа проблеми од инфраструктурата, комуналните дејности, образованието, социјалатам...

Continue reading

bogorodica

Се празнува Мала Богородица

Post Views: 2 Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа.  „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат...

Continue reading

ginisovci

Преку сизифовски маки до Гинис

Post Views: 11 Александар Чекоров и Александар Смилков се најновата македонска гордост, кои успеаа да срушат уште еден “Гинисов рекорд”.Им беа потребни помалку од 24 часа, за да го соборат рекордот во туркање автомобил – период во кој успеаа да поминат 95 километри и 120 метри. Во кругови, Чекоров и Смилков во Спортскиот центар “Форца”, направија точно 1039 круга, на специјално дизајнирана патека за оваа намена. Претходниот рекорд во оваа категорија изнесуваше 82,4 километри, а неговото надминување за повеќе од десет километри, не остава да веруваме дека...

Continue reading

Трета сезона, четврто шоу „Импровокација“ овој петок

Post Views: 4 Во петок (24 ноември) од 20.00 часот ќе биде изведено четвртото шоу од третата сезона на популарната театарска импровизација Импровокација во добро познатата “ќерал” сцена на Народен Театар Охрид. Билетите за шоуто во продажба ќе бидат пуштени на, 20-ти ноември, точно на пладне, во музичката Продавница Зизи Топ. Цена на картите 150 денари и 200 денари на денот на шоуто. Исто така, карти може да се резервираат и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.Биди дел од (р)еволуцијата, гледај ИМПРОВОКАЦИЈА!Шоуто не е за помлади од 16 години!

Continue reading

LAR Struga

Заврши проектот-Жените преминуваат граници за промени, следат анализите

Post Views: 5 Градовите Струга и Поградец си подадоа рака и заеднички пристапија кон решавање на проблемот околу вработувањето на жените од овој регион. Користејќи ги европските средства од ИПА програмaта на Европската Унија, оваа иницијатива во пракса ја спроведе Локалната агенција за развој од Струга. Катерина Василеска од Локалната агенција за развој вели дека овој проект „Жените преминуваат граници за промени“ ги доведе жените од Струга и Поградец на едно место, со заедничка цел. „Проектот се имплементираше од Април 2011 до Април 2012 година. Проектот се викаше „Жените преминуваат...

Continue reading

shah

Младите струшки шахисти треба да се докажат

Post Views: 12 Шахот како древен спорт не смее да згасне во Струга. Посебно имајќи го во предвид фактот што во овој спорт, на светската сцена редовно се спомнува името на врвната шахистка Габриела Коскоска, која потекнува од Струга. Јуниорската лига на шаховски школи започнува утре ВО Струга, а настанот  во телефонска изјава го најави Коскоска. Таа кажа дека максимално се заложиле за учество на млади вљубеници на овој спорт,од кои очекуваат да ги покажат својте квалитети. Коскоска за ТВМ, свој осврт даде и На неодамна одржаната шаховска олимпијада во Русија. Шахот како и останатите...

Continue reading

logo

Денес е Летник!!!

Post Views: 20 Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во...

Continue reading

fudbal

Добрите резултати далеку се слушаат

Post Views: 2 Пред младите фудбалски сили на ФК. „Охрид 2004“ период исполнет со активности. Голем фудбалски предизвик за охридските младинци и кадети утре е мечот од националниот куп против Македонија Ѓорче Петров. Координаторот на младите охридски фудбалски сили, Ристе Трајкоски, оптимист во квалитетот на своите фудбалери пред овие два значајни натрпевари. Дека со младите сериозно се работи, доказ се и стипендиите достапни на 5 младинци, со кои веќе клубот склучил договори, потенцира Трајкоски. Уште еден доказ за квалитетот и потенцијалите на малдите фудбалери од овој клуб е и посетата...

Continue reading

kuka

Куѓата на Калеш Анѓа ќе биде отворена за јавноста

Post Views: 13 „Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители“, вели Ристе Момоковски, родум од Мариово и поранешен градоначалник на општината Старавина. Во тек е реконструкција на објектот стар неколку века. Со тоа за најопеаната Мариовка Kалеш Анѓа нема да се дознава само од романот на Стале Попов и изворната народна песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“. Дека навистина постоела девојката од Сирминo Мaало, која Турците не успеале да ја поткупат, ќе сведочи и нејзината...

Continue reading

Riste Kuskoski

Смена на раководните структури во О.О. на СДСМ од Струга

Post Views: 1 Струшкиот огранок на СДСМ пред две недели доживеа комплетна промена на својата раководна структура. Со одлука на делегатите на Конференцијата на ОО на СДСМ од Струга од 17-ти овој месец, од тројцата најсериозни кандидати кои беа во игра, односно Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, инаку сите активни партиски членови, претседателската функција ја доби Русте Ќушкоски. Тој истакна дека неговиот ангажман во целост ќе биде насочен кон подобрување на животот во Струга како и кон и решавање на наталожените комунални проблеми во овој Град. „ Рак рана е комуналниот...

Continue reading

klovn inkluzija

Од улична анимација до поголема социјална вклученост на младите

Post Views: 11 Од улична анимација до поголема социјална инклузија. Младински организации од 10 европски земји, меѓу кои и домаќинот Македонија, учеа вештини како жонглирање, цртање на лице, а правеа и кловновски точки. На овој начин тие не само што се забавуваа, туку во исто време учеа како да работат со млади, како да едуцираат и работат со локалното население. Некои од овие младински организации како Арт Мрежа од Србија се повеќе посветени кон примена на уметноста, но велат отворени се кон нови хоризонти. „Ова е можност да се добијат некои нови идеи и методи, и да се сретнат луѓе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top