Добрите резултати далеку се слушаат

Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“ наскоро заминуваат за Холандија, на покана на еден скаут за млади фудбалски таленти.

 |  Крсте Голабовски  | 
fudbal
фудбал

fudbalПред младите фудбалски сили на ФК. „Охрид 2004“ период исполнет со активности. Голем фудбалски предизвик за охридските младинци и кадети утре е мечот од националниот куп против Македонија Ѓорче Петров. Координаторот на младите охридски фудбалски сили, Ристе Трајкоски, оптимист во квалитетот на своите фудбалери пред овие два значајни натрпевари.

Дека со младите сериозно се работи, доказ се и стипендиите достапни на 5 младинци, со кои веќе клубот склучил договори, потенцира Трајкоски. Уште еден доказ за квалитетот и потенцијалите на малдите фудбалери од овој клуб е и посетата во Холандија.На 23-ти овој месец и младиниците и кадетите од овој клуб, на покана на еден холандски скаут патуваат за Холандија. Еден од „виновниците“ за ова гостување е Кире Џалески кој се надева  дека холандските скаути ќе го видат квалитетот на нашите млади фудбалери.

Младинците и кадетите од „Охрид 2004“ прво ги очекува меч против прволигашот „Рода“, потоа силите ќе ги одмерат со уште еден прволигаш, тоа е  „Фелно“, за да на крај се сретнат со еден кадетски клуб од холандската трета лига, тоа е клубот „Барло“. Инаку поголемиот дел од средствата потребни за ова патување, клубот сам ги обезбедил, додека за обезбедување на остатокот, се погрижиле од Локланата самоуправа од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top