Куѓата на Калеш Анѓа ќе биде отворена за јавноста

Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители.

kuka
куќа

„Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители“, вели Ристе Момоковски, родум од Мариово и поранешен градоначалник на општината Старавина. Во тек е реконструкција на објектот стар неколку века.

кукаСо тоа за најопеаната Мариовка Kалеш Анѓа нема да се дознава само од романот на Стале Попов и изворната народна песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“. Дека навистина постоела девојката од Сирминo Мaало, која Турците не успеале да ја поткупат, ќе сведочи и нејзината родна куќа во село Старавина.

„Kуќата беше во распаѓање, а со реконструкцијата таа ќе прерасне во музеј. Тоа ќе биде единствениот музеј со историско значење во Мариово, отворен во објект кој е поврзан со славното историско минато на овој крај. Во последно време за куќата прашуваат с` поголем број туристи, па нејзината реконструкција ќе помогне за туристичко заживување на местото“ – вели Момоковски.

Реконструкцијата на куќата е овозможена преку проектот „Жива историја – жива природа“, кој општините Новаци од македонска страна и Алмопија од грчка го спроведуваат со пари од ИПА-фондовите. Целта е промовирање на природните и на историските ресурси во пограничната област, кои ќе го поттикнат локалниот економски развој. Преку овој проект општината доби 260.000 евра за реконструкција на куќата на Kалеш Анѓа, филмскиот мост во Зовиќ и црквата „Свети Димитрија“ во Градешница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top