Смена на раководните структури во О.О. на СДСМ од Струга

После оставката на сега веќе  екс-претседателот Александар Попоски, за нов претседател на струшките социјалдемократи е избран Ристе Ќушкоски.

 |  Голабовски Крсте  | 
Riste Kuskoski
Ристе Ќушкоски

Струшкиот огранок на СДСМ пред две недели доживеа комплетна промена на својата раководна структура. Со одлука на делегатите на Конференцијата на ОО на СДСМ од Струга од 17-ти овој месец, од тројцата најсериозни кандидати кои беа во игра, односно Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, инаку сите активни партиски членови, претседателската функција ја доби Русте Ќушкоски. Тој истакна дека неговиот ангажман во целост ќе биде насочен кон подобрување на животот во Струга како и кон и решавање на наталожените комунални проблеми во овој Град.

SDSM Struga„ Рак рана е комуналниот проблем во Струга. Ми се чини дека пред се хигиената на градот, мислам дека пред 20-30 години Струга беше пример за чист и уреден град. Сега за жал ни се случуваат други работи. Сигурно дека мојот ангажман во партијата ќе биде доста насочен во тој правец“ изјави претседателот Ќушкоски.

Инаку на конференцијата покрај новиот претседател, беа избрани уште и секратар на Извршниот Одбор, како и членови на Извршниот и Надзорниот одбор на огранокот од  партијата во Струга. Во врска претстојните локални избори и стратегијата на партијата за нив, претседателот Ќушкоски истакна дека се отворени за соработка со сите политички партии, а ќе бидат водени само од целта, Струга да стане подобро место за живеење.

Branko Crvenkoski„Ќе треба да причекаме уште некој период бидејќи ние сме нова раководна структура во партијата. Сеуште немаме ангажман околу тоа, но сигурен сум дека ќе го избереме најквалитетниот човек, односно на граѓаните на Струга ќе им го предложиме најквалитетниот човек од редовите на СДСМ“ објасни тој.

Комплетната раководна смена како и изборот  за претседател на Општинската организација на СДСМ во Струга следуваше по оставката на екс-претседателот Александар Попоски кој поради изнесување лични ставови за крупни локални проблеми во Советот на Општина Струга се повлече од функцијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top