Од улична анимација до поголема социјална вклученост на младите

Жонглери, кловнови и цртање на лица. Овие необични активности беа мамката преку која младинските организации од земјава, регионов, но и Европа се обидуваа да ги инволвираат младите од маргинализираните групи.

 |  Мишел Наумоски  | 
klovn inkluzija
кловн инклузија

Од улична анимација до поголема социјална инклузија. Младински организации од 10 европски земји, меѓу кои и домаќинот Македонија, учеа вештини како жонглирање, цртање на лице, а правеа и кловновски точки. На овој начин тие не само што се забавуваа, туку во исто време учеа како да работат со млади, како да едуцираат и работат со локалното население. Некои од овие младински организации како Арт Мрежа од Србија се повеќе посветени кон примена на уметноста, но велат отворени се кон нови хоризонти.

klovnovi Struga„Ова е можност да се добијат некои нови идеи и методи, и да се сретнат луѓе од страна, да се приберат впечатоци, но и да се пренесат впечатоци. Ние организираме слични програми кои исто така се интернационални во нашата земја и токму во Април имавме една програма каде учесници беа сегашните организатори, така да ние постојано работиме, всушност и имаме заеднички цели, генерално да го унапредиме животот на младите, нивното учество во друштвото и активизам.“-вели Борис Радојков од Арт Мрежа организацијата од Србија.

Покрај вчерашните улични настапи, Радивојков вели дека денес научиле како да прават проекти од ваков карактер и како да ги спроведуваат своите иницијативи. За Етена Оџалај од Албанија, уличната анимација е едно ново искуство иако долги години работи на слични проекти.

deca slikaat„Мислам дека активноста која сега е при крај беше успешна и мислам дека проектот „Младите во акција“ е еден од проектите кои нудат многу можности на младите од најразлични места, а особено за сиромашната младина создава можности да бидат активни и да научат многу повеќе за други невладини организации како Ромскиот младински центар.“-рече Етена Оџалај од „Children are the future“ од Албанија.

Проектот „Инволвирана младина за подобра иднина“ е креативното милениче на Ромскиот младински центар од Куманово. Анифе Сабединовска која е дел од оваа организација вели дека тие и самите биле учесници на слични проекти, но подеднакво уживале и во организирањето на вакви проекти.

„Целта на овој проект всушност е да се адресираат проблемите на младите. Посебен акцент се става на младите од маргинализираните групи како што се млади од сиромашни семејства, млади од ромската етничка заедница. Целта е преку методот на улична анимација да се инволвираат и да се поттикнат младите од овие групи активно да земат учество во општеството.“-изјави Анифе Сабединовска од Ромскиот младински центар.

zongleriМаргинализираноста и сиромаштијата се прашање кои постојат насекаде низ светот, вели Сенад Сакиповски. Тој смета дека овој проект успешно го реализирале.

„Фактот дека имавме најмалку 200 млади луѓе кои што беа заинтересирани да не гледаат, а дел од нив и ги пробаа техниките, тоа ми дава за право да кажам дека недостасува нешто генерално во Македонија и Европа за овие млади луѓе кои се на маргините на општеството.“-вели Сенад Сакиповски, член на Ромскиот младински центар.

Инаку овој проект е финансиран од страна на Европската комисија односно е дел од проектот на Европската унија, „Младите во акција“, а на него учество зедоа младински организации од Словенија, Србија, Македонија, Косово, Албанија, Полска, Литванија, БиХ и Франција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top