Post Views: 5
Десетмина советници од опозицијата ја напуштија 18 – та седница на совет. Причина е што на дневен ред не се најдоа барањата за информација со која одлука се постави лизгалиштето на плоштад, отчет за работата на градоначалникот за 2013 година и информација за причините за дислокација на дел од општинската администрација во Косел. Опозицијата бараше да се разговара за според нив политичкиот реваншизам со неистомислениците вработени во Локалната самоуправа. Нивните колеги од позицијата без дискусија не ги прифатија предлозите.
„ Очигледно мнозинството не ги...
Post Views: 8
Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат.
Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па затоа...
Post Views: 7
Анкетата на Spectrum group спроведена помеѓу бизнисмените кои располагаат со средства поголеми од еден милион долари, покажала дека 69% од нив се залагаат за бришење на еден работен ден. Жените милионери се во предност на оваа анкета, т.е. 82% од нив сметаат дека права мерка се четири работни дена во неделата.
Сепак, како што пренесува NBC кратката работна недела подразбира подолго работно време. Повеќето анкетирани сметаат дека за нивната работа и понатаму се потребни 40 часа неделно, но на луѓето повеќе им одговара да работат 4 дена по 10 часа.
За 4 дневна работна...
Post Views: 1
Некои луѓе не можат воопшто да се вработат или мака мачат за да почнат некаков бизнис, а некои пак ќе почнат потполна глупост и луѓето им фрлаат пари пред нозе.
Zack Brown (31) од Ohio почнал со Kikcstarter кампања каде барал средства од корисниците на интернет за да прави компир салата. Да, добро прочитавте, компир салата. “Работам на компир салата. Во основа едноставно правам компир салата. Сеуште не сум одлучил каков вид”, појаснил во својата кампања тој шегаџија.
Негова цел била да собере 10 долари, но во меѓувреме му се насобрале неверојатни 35.369 долари! До крајот...
Post Views: 1
Сите заеднички да ја почуствуваме магијата на престојните празници. Новогодишни пакетчиња, топол оброк, дружба и забава, добија лицата од социјално ранливата категорија на граѓани на Охрид, од Црвениот крст и Локалната самоуправа. Во името на Локалната самоуправа новогодишните и Божиќните празници ги честита претседателот на охридскиот Совет д-р Гордана Коњаноска.
„Локалната самоуправа е постојано со тенденција суштински да ги решава проблемите на сите ранливи категории односно на сите единки од нашето општество и тоа е во насока на подобрување на економскиот амбиент,...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставниците од локалната самоуправа денес го ширеа празничниот дух. Тие ги посетија детските одделенија при Општата болница од Охрид и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Во двете детски одделенија тие поделија околу триесетина новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Бакрачески рече дека ова е само мал придонес во подигнување на нивото на среќа кај најмалите.
„Нашите активности во поглед на доделување на новогодишните пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, во неколку градинки,...
Post Views: 2
Будно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов. Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој.
„Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на...
Post Views: 1
Иако бројните реклами за козметички производи се наменети токму за женската популација, истражувањата покажаа дека тие влијаат негативно врз самодовербата на жените.
Видеото е за сите мајки кои имаат ќерки. Зборувајте со детето за концептот на убавина пред тоа да го стори козметичката индустрија.
{hwdvideoshare}id=1235|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
{loadposition content9}
Post Views: 1
Во Агенцијата за јавни службеници тече конкурсот за прием на 4 профили за потребите на детската градинка „ Јасна Ристеска“. Работно ангажирани ќе бидат 3 воспитувачи и една негователка, информира директорката на градинката Роза Костоска. Овие вработувања се дел од планираните 300 на Министерството за труд и социјална политика за Македонија, од кои 9 беа предвидени да се реализираат во охридската градинка. Претходно кадарот бил надополнет со 5 вработувања преку владиниот проект со Македонски шуми и биле вработени негувателки, хигиеничарка, садомијачка и чувар –...
Post Views: 0
Дали и колку охридските чинари претставуваат потенцијална опасност за граѓаните? Состојбата во која се наоѓаат, барем овие кои се заштитени како споменици на природата донекаде дава право за сомнеж. Овие дрва кои се стари со векови имаат трули гранки надвиснати над приватни објекти кои доколку паднат ако ништо друго би направиле некоја материјална штета, а не дај боже и да повредат некого. Ги запрашавме охриѓани дали ти мислат дека чинарите во состојбата во која се наоѓаат претставуваат ваква потенцијална опасност.
„Јас мислам дека претставуваат, ете сега најново што...
Post Views: 3
За прв пат во Охрид ќе се врши интервенција на периферни артерии на нозе со поставување на стент. Примената на оваа нова метода е голем напредок во интервентната кардиологија вели д-р Никола Бакрачески. Додава дека за таа цел тим од доктори и помошен медицински персонал од Заводот за кардиоваскиларни заболувања бил пратен на едукација во Салзбург, Австрија. Првата интервенција во заводот во Охрид ја демонстрираше реномираниот доктор Ара Угурлуоглу од медицинскиот универзитет Парацелзиус од Салзбург.
„Еве денес имавме можност под негова супер визија и заедно со него...
Post Views: 0
Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески.
– Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа...