• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Откриени проблеми во социјалната зграда – можно е некој да остане без станарското право

Откриени проблеми во социјалната зграда – можно е некој да остане без станарското право

Корисниците на станарското право во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“, може да го изгубат тоа право доколку недомаќински го користат станот, алармираат од Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

 |  Николоска Биљана  | 
zgradi
згради

socijalna zgradaБудно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов.  Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој.

„Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на овие две три лица за да можат да бидат вселени други лица кои што стварно имаат потреба од овие станови“- вели Грозданов.

Грозданов појаснува во што се состојат нивните ингеренции кон лицата кои што користат станови на Агенцијата, односно кон нивниот домаќински однос кон истите.

socijalna zgrada„Поточно да речиме дел од инвентарот го кршат, отстрануваат, го злоупотребуваат, го реиздаваат на трети лица или на крајот не живеат тука, по нашити проверки кои што ги вршиме врз основа на броилата од ЕВН дали имаме проток на електрична енергија тоа е еден од показателите дали некој живее внатре. Втора работа дали живее лицето кое што со нас склучило договор или живее трето лице со нашите контроли а врз основа на овие показатели ние можиме да го раскиниме договорот и тие лица да бидат санкционирани односно отстранети од тие станови, затоа што овие станови се за социјално ранливи категории каде што преку МТВ со електронскиот софтвер се исфрлаа сите оние кои што се најзагрозените“– нагласува Грозданов.

Социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“ претставува голем станбен комплекс со капацитет од 71 стан. Во употреба од страна на Владата на Р. Македонија беше пуштена во месец април 2011 година. Всушност од тогаш и официјално беа потпишани договорите со корисниците на станарско право, луѓето од социјално ранливите категории, кој договор важи пет години, односно до месец април 2016 год.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top