Дали старите охридски чинари се потенцијална опасност за граѓаните?

Мислењата на граѓаните поделени околу ова прашање. Но нивни заеднички впечаток е дека тие треба да бидат поадекватно заштитени.

 |  Мишел Наумоски  | 
Star chinar
Стар чинар

Дали и колку охридските чинари претставуваат потенцијална опасност за граѓаните? Состојбата во која се наоѓаат, барем овие кои се заштитени како споменици на природата донекаде дава право за сомнеж. Овие дрва кои се стари со векови имаат трули гранки надвиснати над приватни објекти кои доколку паднат ако ништо друго би направиле некоја материјална штета, а не дај боже и да повредат некого. Ги запрашавме охриѓани дали ти мислат дека чинарите во состојбата во која се наоѓаат претставуваат ваква потенцијална опасност.

skrsen cinar„Јас мислам дека претставуваат, ете сега најново што се случи во Косел. Не мислам дека треба да се отстранат, ама мислам дека некако треба да се заштитат, да не паѓаат, нешто да се направи дефинитивно.“

„Не знам во каква состојба се, ама мислам нема опасност, бидејќи испаднати се големите гранки, но во секој случај треба да си го чуваме, да го вреднуваме, бидејќи навистина е вреден.“

„Абе луѓево испаднаа, не гранкиве, ама треба да се заштити.“-рекоа дел од граѓаните.

Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски пак смета дека трите чинари навистина кријат потенцијална опасност, и токму поради тоа се обратиле и до Министерството за животна средина и просторно планирање кое е надлежно за заштита на трите чинари прогласени за споменици на природата.

cinar Kosel„Барана е согласност од страна на Министерството за екологија, да дојдат, бидејќи тие три чинари се заштитени со закон, исклучиво се надлежни тие и бараме согласност од евентуални штети што можат да настанат од овие чинари, тие се доста стари, ние знаеме и јас тврдам дека може да се случи таа слика во Охрид. Јас мислам дека ќе наидеме на слух од Министерството, да дозволат тие гранки поточно кај вториот и третиот чинар да се искастрат, односно отстранат како не би биле загрозени животите на минувачите и возилата.“-вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.

Само да го освежиме сеќавањето на граѓаните, минатиов петок се наврши точно една година откако се скрши масивната гранка од стариот чинар на плоштадот „Крушевска Република“.

Тогашните ветувања од надлежното министерство беа дека по направениот увид, скршената гранка ќе биде подигната, меѓутоа тоа ветување година дена подоцна сеуште не е остварено. На 19ти минатиов месец пак го имавме оној случај кога се скрши гранка од чинар во Косел која сериозно оштети автомобил на еден граѓанин. За среќа и двата случаи завршија без човечки повреди и жртви, но дали ќе чекаме тоа навистина да се случи за некој нешто конечно да преземе за заштита на чинарите?

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top