Советниците од опозицијата ја напуштија денешната седница

Советниците од опозицијата ја напуштија денешната  седница.

 |  Валентина Неловска  | 
sovet
sovet

 

Десетмина советници од опозицијата ја напуштија 18 – та седница на совет. Причина е што на дневен ред не се најдоа барањата  за информација со која одлука се постави лизгалиштето на плоштад,  отчет за работата на градоначалникот за 2013 година и информација за  причините за дислокација на дел од општинската администрација во Косел. Опозицијата бараше да се разговара за  според нив политичкиот реваншизам со неистомислениците вработени во Локалната самоуправа.  Нивните колеги од позицијата без дискусија не ги прифатија предлозите.

„ Очигледно мнозинството не ги прифати нашите предлози не сака да се зборува за овие работи. Штом мнозинството не сака да зборува за овие горчливи проблеми тогаш не ја гледаме логиката да останеме да одлучуваме за проекти за спорт, со нула денари не е променета и повторно се става  и се претставува како изменета, а воопшто не е. Штом нема волја од мнозинството да се дискутира за битни теми за граѓаните на Охрид немаме друг избор“, кажа Томислав Тунтев координатор на опозициската коалиција.   
sednica
Дејан Блажески од ЛДП, кажа дека побарале јавен увид во документите со која одлука  се поставило лизгалиштето на плоштад, но одговор не добиле до ден денес. Ние не сме против спортските проекти, но сме да се почитуваат законските прописи во државата.

„ Денес имаа можност уште еднаш да ја дадат информацијата на која седница помина лизгалиштето како урбана опрема. Очигледно ја одбија точката и потврдија дека лизгалиштето не ставено“.    

Јоне Станкоси од Вмро НП проговори и за мобингот кој се правел на политичките неистомисленици во Локалната самоуправа. Заради стравот од губење на работните места досега никој од вработените не пријавил мобинг. Порача локалната  да не се осуди да отпушта вработени во општината кои ги најавува, а при тоа постојано вработува нови луѓе.

sednica„Оваа ЛС кажа дека има превработување. До ден денес над 90 луѓе се вработени  во ЛС заедно со ЈП. Оваа ЛС по се изгледа дека заборави она што го зборуваше  дека има превработеност  и секој ден има нови луѓе во ЛС И ЈП.  45 мина ново приемни во ЛС , а 50 -тина во Јавните  претпријатија.“      

 Враќање во советничките клупи најавија доколку градоначалникот и општинската администрација се корегираат и ги прифатат нивните барања кои се во интерес на охриѓани. Координаторот на советничката група на СДСМ  Тунтев кажа дека во два наврати побарале писмено и усно прием во кабинетот на градоначалникот Бакрачески, но не добиле одговор. Тунтев додаде дека денешните барања ги поставиле денес затоа што следната седница ќе се одржува за време на предизборна камапња. „Нема да имаме можност да поставуваме прашања што можат да се окфаликуваат како политички маркетинг“, изјави Тунтев.   

Градоначалникот и секретарот на општината денес не  присуствуваа на работната  седница.  Советничката Јованка Дамоска од Вмро Дпмне, пак смета дека напуштањето на седницата на опозицијата е нивен избор, но чинот не го оправдува.

„Тоа е  нивно демократско право но без предметно  го гледаме излегувањето на советниците од седницата на совете. Тие точки беа насочени кон конкретни субјекти кои требаше да одговорат на тие прашање. Ова е единствено во улога на тесно партиски интереси.“    

Советниците од позицијата пак и без присуство на опозицијата  имаа  кворум за работа и  ги изгласаа денешните точки од дневниот ред. Беа усвоени програмата за спорт и формирање  на штаб за спасување. Донесоа одлука за формирање на јавно приватно партнерство за модернизација на јавното осветлување ,   и точки од урбанизација за околните населени места.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top