Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот

Локалната го воочи проблемот со немањето јавни тоалети во градов и пристапи кон негово решавање.Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај

 |  Јаковлева Лионела  | 
toalet
тоалет

Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат.

Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па затоа се одлучивме прво таму да интервенираме. Останува уште да се размисли на која локација ќе се постават јавни тоалети на Плаошник, бидејќи и овај локалитет има голема посетеност, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната.тоалети

Грижата за овие објекти најверојатно ќе ја има ЈП „Комуналец“. Џамтоски вели дека локалната планирала во функија да ги стави и јавните тоалети во ТЦ Амам.

Таму не се решени имотно правните односи па затоа работите ќе одат побавно. ГП Трудбеник кое го градеше Амамот  треба да се договори со сопствениците на дуќаните околу сопственоста на овие површини. Потоа локалната ќе изнајде начин како да ги стави во функција, вели портпаролот.

Од Локалната велат дека проблемот со јавните тоалети кој се провлекува години наназад мора што поскоро да се реши и тоа не само во стариот дел од градов туку и во централното градско подрачје. Тоа е и законска обврска предвидена со Законот за јавна чистота па при изработката на новите Детално урбанистички планови и оние во постапка мора да се предвидат локации за поставување или за изградба на јавни тоалети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top