Ознака: концерт

Вршкова и Цинциевски приредија концерт за паметење

Post Views: 0 Прекрасна музичка разгледница со контрабас и пијано донесоа на „Охридско лето“ извонредните македонски уметници Ѓорѓи Цинциевски и Марија Вршкова вчеравечер, со нивниот концерт во црквата „Света Софија“. Програмата ја започна контрабасистот Цинциевски со делото „Инвокација за соло контрабас“ од чешкиот композитор М.Гајдош, а потоа следуваше премиерна изведба на „Сонатата за контрабас и пијано“ од К.Рајнер, историски интересно дело пишувано во концентрационен логор, истовремено мрачно и динамично. Беа отсвирени нови дела од македонскиот композитор Дамјан Темков, премиерна...

Continue reading

Концерт – Ансамблот Билјана и пријателите

Post Views: 0   Познатата охридска група на староградска музика „Билјана Јуниор“, ќе настапи на свеченоста по повод 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Концертот е во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Младиот хармоникаш од овој состав Јован Поп Стефанија, вели дека годинава одбележуваат 8 години од нивното формирање, како и два значајни јубилеи 5 годишнина од нивниот прв концерт и 65 години од постоењето на Ансамблот Билјана. Поп Стефанија не откри со кои песни ќе настапат, но затоа пак рече дека ќе приредат незаборавен концерт со повод. „Оваа...

Continue reading

Роденденска торта и концерт на „Синтезис“ за 61-от роденден на „Охридско лето“

Post Views: 3 Со роденденска торта што свечено ја пресече министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, НУ „Охридско лето“ денеска го одбележа 61-от роденден. Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ  на денешната прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот  е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори  да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена. „Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста. „Охридско лето“ носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи,...

Continue reading

Концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“

Post Views: 3 Вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“ во Црква Св.Софија, во 20:00 ч, концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 35 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука...

Continue reading

istanbul

Истанбул е град на џезот

Post Views: 6 Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова и амбасадорот на добра волја за меѓукултурен дијалог, славниот Херби Хенкок, заедно со Република Турција, а во партнерство со Институтот „Телониус Монк“ објавија дека прославата на вториот годишен светски ден џезот 30 април, ќе се одржи во Истанбул. По тој повод, покрај разните манифестации, ќе се одржи и голем „Ол-стар“ концерт. -Истанбул е идеална локација за да се потенцира глобалното влијание на џез музиката, изјави Бокова. Меѓународниот ден на џезот е влезен во официјалниот календар на УНЕСКО и Обединетите нации. Програмите...

Continue reading

Концерт на Стојан Димов и Дино Имери на „Охридско лето“

Post Views: 1 Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе организира концерт за кларинет и пијано. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, кларинетистот Стојан Димов и пијанистот Дино Имери. Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб  (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980-1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член...

Continue reading

филхармонија

Македонска филхармонија со три премиери

Post Views: 0 Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт под водство на познатиот гостин диригент од Велика Британија Тимоти Редмонд. На програмата се три премиерни изведби – Концертот за пијано и оркестар бр. 4 г-мол од Сергеј Рахмањинов во изведба на  истакнатиот шведски пијанист Роланд Понтинен, свитата од операта „Итра мала лисица“ од Леош Јаначек и композицијата „Руски погреб“ за лимени дувачи и удиралки од Бенџамин Бритн. На програмата ќе биде изведено уште едно дело на Рахмањинов, „Остров на мртвите“ оп. 29. Напишано е како инспирација од истоимената...

Continue reading

Вечерва хуманитарен концерт во чест на Андреј Лаброски

Post Views: 5 Датумот е одбран симболично, бидејќи 16-ти е датумот на раѓање на Андреј. – Почитувани пријатели, другари и колеги, сите оние кои се почитувачи на ликот и делото на Андреј Лаброски со огромна чест и задоволство ве каниме да се собреме сите заедно да го одбележиме неговиот роденден. Иако него веќе го нема нека не води неговиот дух и неговата идеја за подобро утре за сите. Ги покануваме сите колеги музичари кои се во можност активно да земат учество во овој настан, бината е ваша.-велат од Aнсамбл „Билјана“, чиј член беше Лаброски. Настанот ќе се одржува на плажата во хотелот...

Continue reading

Извонреден концерт на младите уметници Петрески и Рафајловски

Post Views: 6 Настапот на хармоникашот Петрески и пијанистот Рафајловски беше во рамките на „Подиумот на млади“ на фестивалот „Охридско лето“. -Првпат настапувам на „Охридско лето“. Огромна е честа да се свири тука и особено на ова место. Поканата ми дојде како вистинско изненадување. Како изведувач, отсекогаш сум сакал да настапам на фестивалот. Со оглед дека е еден од најголемите фестивали  во земјава и пошироко, го сметав за недостижен, но со самото искуство со годините, сѐ се достигнува, изјави Филип Петрески кој изведе дела компонирани во 21 век, најчесто од руски автори. Неговиот...

Continue reading

Боби

Поп пејачот Боби Мојсовски ќе одржи концерт во Охрид

Post Views: 13 Боби Мојсоски, утрвечер  ќе одржи солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид. Концертот ќе има хуманитарен карактер. Средтсвата од неговото прво  солистичко  претставување  ќе бидат наменети и  донирани за лекување на охриѓанецот Марјан Вељаноски.  Младиот поп пејач Мојсоски  која ја доби поддршката од публикатат и го освои второто место на Регионалното музичко шоу „Х-фактор–Адриа“, за оваа негова  одлука  концертот да добие хумана димензија вели дека дошла случајно. „ Така испадна размислувајќи си реков зошто да не направам хуманитарен концерт за да не му помогнам...

Continue reading

duke

Дуке Бојаџиев со концерт насловен „Сон, верба и љубов“

Post Views: 1 Врвниот македонски пијанист и композитор Дуке Бојаџиев, утревечер гостува по втор пат на Охридско лето. По четири години  на антички театар Дуке Бојаџиев  ќе настапи со различна екипа составена од  квинтет и стрин квартет. Покрај Бојаџиев ќе настапат и неговите специјални гости,  Мартин Ѓаконоски Шпато, контрабасист кој работи и живее во Германија, перкусионистот од Грција Костас Анастасијадис, македонскиот виртуз на клавир кој живее во САД, Исмаил Романовски, вокалот Тања Царовска  и стрин квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори охриѓанката Мартина Блажевска,...

Continue reading

rodenden

Хорот Хауард Госпел со роденденски концерт за Охридско лето

Post Views: 36 На антички театар хорот Хауард Госпел вечерва  ќе го одбележи  4 август  роденденот на Охридско лето. На јубилејното 55 издание на Фестивалот за прв пат ќе се изведува ваков вид на музика, напоменува музичкиот селектор Гордана Јосифоска Неделкоска која за вечерашниот избор верува дека ќе биде незаборавен  како и сите досегашни музички гостувања на исполнители на фестивалскиот роденден. „Оваа година на наше огромно задоволство, а со благодарност на Американската амбасада во РМ имаме чест со нас да бидат Хауард Госпел Хорот од САД. Вечерва ќе направат  уникатен уметнички...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top