Дуке Бојаџиев со концерт насловен „Сон, верба и љубов“

 Дуке Бојаџиев со концерт насловен  „Сон, верба и љубов“.

 |  Валентина Неловска  | 
duke

dukeВрвниот македонски пијанист и композитор Дуке Бојаџиев, утревечер гостува по втор пат на Охридско лето. По четири години  на антички театар Дуке Бојаџиев  ќе настапи со различна екипа составена од  квинтет и стрин квартет. Покрај Бојаџиев ќе настапат и неговите специјални гости,  Мартин Ѓаконоски Шпато, контрабасист кој работи и живее во Германија, перкусионистот од Грција Костас Анастасијадис, македонскиот виртуз на клавир кој живее во САД, Исмаил Романовски, вокалот Тања Царовска  и стрин квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори охриѓанката Мартина Блажевска, која живее во Бостон  и  студира на Беркли.  Екипата на музичари е  различна, но  емоциите со кои ќе ги изведуваат  композициите  ќе бидат исти, напоменува Дуке Бојаџиев пред утрешниот настап.

„ Проектот „Сон, верба и љубов“,  носи една порака која во корен е македонска и ја пренесуваме низ светот  јас и останатите македонски уметници која ќе ја крунисаме со големо задоволство во Карнеги хол на 8 октомври. Овде имаме убава можност да ја претставиме пред охридската и македонската публика“, нагласува Бојаџиев.

Македонскиот новинар во пензија, Свето Стефаноски, приреди изнендување и му врачи уметничка слика на музичарот  во знак на благодарност за неговото  творештво.    

oh letoКонцертот на антички е во рамките на Фестивалот Охридско лето во соработка со  Авалон  продукција. Од Авалон се задоволни од соработката со Дуке Бојаџиев и веруваат дека по синоќешниот концерт на Дуке Бојаџиев во Хераклеа утревечер ќе има исто така магичен настап како и оној во Битола. И музичкиот селектор на Фестивалот  Гордана Јосифоска Неделкоска е задоволна од тоа што на репертоарот на Охридско лето е долго очекуваниот концерт  на Дуке Бојаџиев. Утревечер ќе бидат изведувани музички композиции од филмовите„ До Балчак“, „Сенки“,  „Војната заврши“ и композиции од албумот „Љубовта  е патот“, но  и други композиции кои премиерно ќе бидат изведени на концертот, кажа Јосифоска  Неделковска.

„ Се работи за проект кој е фузија помеѓу класична, филмска и изворна музика. Покрај впечатливата изведба на македонски традиционални  композиции ќе се чујат и фолклорни елементи од албанска, турска, ромска музика со што се прави автентичен пристап и уникатен начин на заокружување на автентична целина со мајсторски современ пристап како што може тоа да го направи само Дуке Бојаџиев“, напомена Јосифоска  Неделковска .

Музичкиот селектор   Гордана Јосифоска  Неделковска го подвлече задовоството што  гостувањето на сите македонски уметници, ансамбли и оркестри даваат значаен допринос за квалитетот на програмата на Охридско лето.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top