Извонреден концерт на младите уметници Петрески и Рафајловски

Младите уметници Филип Петрески и Виктор Рафајловски вчеравечер одржаа концерт во црквата „Света Софија“.

 |   | 

Настапот на хармоникашот Петрески и пијанистот Рафајловски беше во рамките на „Подиумот на млади“ на фестивалот „Охридско лето“.

-Првпат настапувам на „Охридско лето“. Огромна е честа да се свири тука и особено на ова место. Поканата ми дојде како вистинско изненадување. Како изведувач, отсекогаш сум сакал да настапам на фестивалот. Со оглед дека е еден од најголемите фестивали  во земјава и пошироко, го сметав за недостижен, но со самото искуство со годините, сѐ се достигнува, изјави Филип Петрески кој изведе дела компонирани во 21 век, најчесто од руски автори.

Неговиот колега, пијанистот Виктор Рафајловски изведе дела од Лудвиг ван Бетовен и Франц Лист. Иако е млад, тој се смета за еден од најталентираните македонски пијанисти кој совладува мошне сложени програми на својот инструмент.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top