Вечерва хуманитарен концерт во чест на Андреј Лаброски

Вечерва ќе се одржи хуманитарен Jam session, во чест на младиот охридски музичар Андреј Лаброски, кој беше член на Ансамбл Билјана.

 |   | 

Датумот е одбран симболично, бидејќи 16-ти е датумот на раѓање на Андреј.

– Почитувани пријатели, другари и колеги, сите оние кои се почитувачи на ликот и делото на Андреј Лаброски со огромна чест и задоволство ве каниме да се собреме сите заедно да го одбележиме неговиот роденден. Иако него веќе го нема нека не води неговиот дух и неговата идеја за подобро утре за сите. Ги покануваме сите колеги музичари кои се во можност активно да земат учество во овој настан, бината е ваша.-велат од Aнсамбл „Билјана“, чиј член беше Лаброски.

Настанот ќе се одржува на плажата во хотелот „Аквалина“ од 21:00 часот и е од хуманитарен карактер. Картите се купуваат на самиот влез и се по симболична цена од 100 денари. Собраните средства ќе се донираат на Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ од Охрид. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top