Поп пејачот Боби Мојсовски ќе одржи концерт во Охрид

Поп пејачот Боби Мојсовски ќе одржи концерт во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Боби

Боби Мојсоски, утрвечер  ќе одржи солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид. Концертот ќе има хуманитарен карактер. Средтсвата од неговото прво  солистичко  претставување  ќе бидат наменети и  донирани за лекување на охриѓанецот Марјан Вељаноски.  Младиот поп пејач Мојсоски  која ја доби поддршката од публикатат и го освои второто место на Регионалното музичко шоу „Х-фактор–Адриа“, за оваа негова  одлука  концертот да добие хумана димензија вели дека дошла случајно.

боби„ Така испадна размислувајќи си реков зошто да не направам хуманитарен концерт за да не му помогнам на некој кој што има потреба. Во шоуто добив поддршк аод охриѓани и мислам дек атреба д абидеме хумани и д адонираме кој колку може“, посочува младиот музичар.  

Боби Мојсоски го одржа даденото  ветување во јули дека ќе одржи концерт во Охрид кога мораше заради професионални ангажмани кон продукцијата да го  откаже
учеството во манифестацијата Бело лето. Мојсоски  вели дека е многу возбуден што конечно ќе настапи во родниот град и пред својата најверна публика.Мојсоски потсети дека на музичко шоу „Х-фактор–Адриа“, добил поддршка од публиката во целиот регион.

плоштад„ Имав поддршка од Хрватска. На домашна адреса ми стигнаа  3-4 писма од хрватски обожаватели. Беа адресирани само моето име и презиме, Република Македонија и Охрид, и стоеше глазбеник, што ми е многу мило. Ме покануваат да гостувам и во Хрватска, а добив поддршка и од Србија“, раскажува Мојсоски за своето музичко лансирање во регионот.

Инаку , хуманитарниот концерт на Мојсоски е во соработка со општинскиот Црвен Крст. Паричните донации на концертот ќе бидат собирани преку телефонските броеви за донација како и во стаклените кутии пред бината,  а ќе биде истакната  и жиро сметката.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top