Ознака: концерт

Онтарио

Шест лица застрелани за време на концерт во Америка

Post Views: 4 Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата. Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин. Лицето е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица. Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин, Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.

Continue reading

Концерт флејта пијано на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 2 Вечерва фестивалската публика ќе има можност да ужива во звуците на пијаното и флејтата, во 21 часот во црквата Св. Софија. Истакнатите музички уметнички од Албанија, Јонела Големи и Мерита Реџа Тершана на публиката ќе им приредат вистинско музичко доживување. Јонела Големи дипломирала на отсекот за флејта на Универзитетот во Тирана, по што во 1997 година заминува на студии во Париз каде на Конзерваториумот работи под менторство на П.И. Арто. Добитничка е на бројни награди и признанија, прв победник е на натпреварот „Н. Зораки“ и прогласена е за музички уметник на годината...

Continue reading

„Охридско лето“ вечерва носи концерт на квартетот гитари „Аигета“

Post Views: 7 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на квартетот гитари „Аигета“ од Монте Карло. Во црквата „Света Софија“, во стандардниот фестивалски термин од 21 часот ќе настапат Франсоа Соњи, Александер Дел Фа, Филип Лоли и Оливије Фаутрат. Гитарскиот квартет „Аигета“ е основан во 1979 година во Монте Карло и првиот јавен настап го има во 1980. Сепак, интернационалната кариера членовите на квартетот ја започнуваат со изведбата на Андалузискиот концерт за четири гитари и оркестар од Родриго со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во...

Continue reading

Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 8 Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“. Во рамки фестивалската програма на неколку локации низ Охрид со почеток во 20 часот вечерва, ќе биде поставена Јубилејна изложба посветена на 30 години од творештвото во Охрид на академскиот сликар Стефан Хаџи-Николов – Масло на платно.Стефан Хаџи-Николов самостојно изложувал 75 пати во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз итн. Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид одбележувајќи 30 годишен јубилеј од првата...

Continue reading

ФОТО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Post Views: 7 Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вчеравечер, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата беа презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори. Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Во...

Continue reading

Фрлен солзавец на концерт на Горан Бреговиќ во Корча

Post Views: 6 Полицијата во Корча уапси осум лица кои се осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ. Претходно, на социјалните мрежи се појави снимка од неколку луѓе кои избегале од местото откако фрлиле солзавец. Концертот на Горан Бреговиќ се одржал пред неколку илјади гледачи, со строги безбедносни мерки, а повеќе од 200 полицајци биле ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето биле околу сцената, додека останатите биле распоредени на главните градски улици. Движењето Самоопределување од Косово се оградило од инцидентот на концертот...

Continue reading

Се` е подготвено за големиот концерт на групата Камелеон во сабота

Post Views: 7 На само неколку дена до големиот концерт, секојдневни проби и финални интервенции на аранжманите на песните и програмата со која членовите на групата Камелеон ќе го прослават 20-тиот роденден. – Подготвени сме, пробите течат според планираното. Вежбаме скоро секојдневно, заедно со дел о гостите кои ќе настапат на концертот. Тука се и гостувањата за промоција на медиумите, од кои имаме огромна поддршка, за што од срце им благоадриме. Финализирани се веќе сите детали околу звукот и осветлувањето, а според она што го имаме како информација и продажбата на билетите оди одлично....

Continue reading

Викендов во Охрид хуманитарен концерт на врвните руски уметници Синчук и Науменко

Post Views: 3 Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вo недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори. Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес...

Continue reading

Концерт на Музичка младина на Македонија на „Охридско лето“

Post Views: 3 Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригиентство на маестро Џанлука Матиненги од Италија. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 30 години. Тој е основан како прв сегмент од Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Во досегашното егзистирање во неговите рамки учествувале повеќе од 300 млади музичари – претежно студенти од...

Continue reading

19 мртви на концерт на Ариана Гранде

Post Views: 2 Британската полиција соопшти дека најмалку 19 луѓе биле убиени, а околу 50 ранети во експлозија пред арената во Манчестер. Властите настанот го третираат како „терористички инцидент“. Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 и 45 часот по локално време во момент кога луѓето излегувале од Манчестер Арена каде што американската поп пејачка Ариана Гранде имала концерт. „Потврдено е дека досега загинале 19 луѓе, а околу 50 биле ранети. Во моментов се третира како терористички инцидент се додека не се потврди спротивното“, соопшти полицијата. Ројтерс јавува...

Continue reading

Експлозија на бомба на концерт на Аријана Гранде во Манчестер

Post Views: 1 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс. Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и дека истрагата ќе утврди дали бил дел од терористичка мрежа. Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од јули 2005 година...

Continue reading

Al di Meola

Концер на Ал ди Меола на 16 октомври во Универзална сала

Post Views: 3 Гитаристот Ал ди Меола – четири пати прогласуван за најдобар џез гитарист во светот од престижното списание „Guitar player“, на 16 октомври ќе настапи во Универзалната сала во Скопје. Ал ди Меола во Скопје ќе го придружуваат тројца врвни џез музичари – Гумби Ортез, Пео Алфонси и Фаусто Бечалоси. Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од 6 октомври и ќе чинат 800 до 1.000 денари. Настапот на Ал ди Меола е во склоп на неговата светска турнеја „New world sinfonia tour“. Концертот во Скопје го организира Авалон продукција.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top