Ознака: кои

cenzura

Зборот „луксуз“ забранет

Post Views: 0 И тоа се случува. Пекинг забрани употреба на зборови во реклами и огласи со кои се промовира раскошен стил на живот како на пример „кралски“ или „луксуз“ бидејќи властите се загрижени поради се поголемиот јаз помеѓу многу богатите и сиромашните.Пекингшката управа за индустрија и трговија им дала рок на огласувачите и маркетинг агенциите до 15 март да ги корегираат своите промотивни кампањи и огласи и да престанат со промовирање на „хедонизмот“ и „култот на странски производи“. Таквиот начин на оглсување предизвикува „нездрава клима“ -тврдат од Управата и најавуваат казни...

Continue reading

dobrovolci

Хероите на нашето време се камиказите од Фукушима

Post Views: 0 Татко ми ми рече: “Одам во смрт за ти да имаш иднина“„Не можев да ги сопрам солзите кога дознав дека татко ми е еден од 50-те доброволци кои останаа во нуклеарката во Фукушима. Ми рече дека тоа е негова мисија и дека иднината на Јапонија и светот зависат од него. Никогаш не сум била погорда на него.“ -објавила на Твитер млада јапонка чиј татко е еден од хероите  кои се обидуваат да спречат нуклеарна катастрофа во Јапонија. Доброволците кои останаа во нулеарката медиумите ги нарекуваат камикази и херои кои ги жртвуваат своте животи за да го спасат својот народ.Тие се...

Continue reading

tsunami

(видео)Земјотрес и цунами во Јапонија

Post Views: 0 Јапонските телевизии објавија видео снимки на кои можат да се видат застрашувачки сцени од бранови кои уништуваат куќи и зградии и носат автомобили и камиони во градот Онахама во префектурата Фукушима. Освен цунами, потресот предизвикал и пожар на рафинерија во близина на Токио. Епицентарот на земјотресот, кој удрил во 14.46 часот по локално време а се почувствувал и во Токио, бил на околу 400 километри од метрополата на длабочина од 32 километри. Освен во Јапонија, тревога за цунами е активирана во неколку други земји, вклучувајќи го пацифичкиот брег на Русија, Австралија,...

Continue reading

На добар пат према врвот

Post Views: 5 Како Атлетико успеа да ги измеша сметките на Барселона. Тие со Борусија Дортмунд се најголема опозиција на великаните како Баерн, Реал, Барселона, Челзи, ПСЖ и други. Зошто опозиција? Атлетико и Борусија се две екипи составени претежно од домашни играчи и со многу поскромни буџети од останатите тимови кои се најдоја во четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони, и на нивните клупи седат двајца емотивци кои успеаја своите идеи да ги пренесат на дело. Токму Атлетико со елиминацијата на Барселона ја замени минатогодишната улога на Борусија. Диего Симеоне е најголема ѕвезда...

Continue reading

karneval

Започна карневалот во Рио Де Жанеиро

Post Views: 3 Традиционалниот петдневен карневал во Рио официјално беше отворен вчера со симболично предавање на клучевите од градот на карневалскиот крал Мома кој му ги врачи градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес.– Многу сум среќен што ја предавам управата на градот на кралот Мома, изјави Паес кој и самиот претходно бил играч на самба. За време на карневалот е дозволено речиси се, но со игра и песна и не се почитуваат правилата за облекување.Овогодишниот крал Милтон Родригес во друштво со карневалска кралица и две принцези, изјави дека е време да се остават настрана...

Continue reading

Светската пливачка легенда во агонија

Post Views: 4 Спрема наводите на австралиските медиуми, Јан Торп (31), добил инфекција по операција на рамото кој ја правел во Швајцарија. Тој се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Сиднеј, и прима терапија со која докторите прават напори да ја елиминираат инфекцијата поради која би можел да остане без левата рака. Во февруари беше објавено дека Торп се бори со депресија поради болки во левото рамо. Своите најголеми успеси во кариерата Торп ги отствари на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, на кои освои три злата и две сребра, а вкупно во својата кариера има освоено...

Continue reading

Нели Фуртадо ќе ги подари парите кои ги доби од Гадафи

Post Views: 5 Канадската поп ѕвезда, Нели Фуртадо, изјави дека парите кои во 2007 година ги добила од либискиот лидер, Моамер Гадафи, за настапот пред неговите соработници, ќе ги донира во добротворни цели. – Добив милион долари во 2007 година од Гадафи за да одржам концерт од 45 минути пред гостите во еден хотел во Италија. Парите ќе ги подарам во добротворни цели, вели Фуртадо. Нели Фуртадо не е единствена пејачка која добила пари за настап од Гадафи. Пари за настап од либискиот лидер добиле и Бијонсе, Ашер, Мараја Кери и Лајонел Ричи, кои изведувале приватни концерти за...

Continue reading

Kosor

Голема хрватска народна сабота против владата

Post Views: 1 Најомразената влада во кратката историја на хрватската самостојна држава денеска би можела  да биде сериозно разнишана, потценетиот „Facebook бунт“ денес ќе ја покаже вистинската сила, пишува Индекс. На плоштадот Бан Јелачиќ се подготвува антивладин протест. Поставена е сцена со огромен транспарент на кој пишува „Овчарката Јаца“ кој алудира на премиерката Јадранка Косор прикажана на ливада со овци на кои се изпишани имињата на водечките HDZ -овци.Полицијата го чува Марковиот плоштад очигледно стравувајќи протестантите да не се упатат кон кабинетот на Косор. На неодамнешниот...

Continue reading

nemiri Atina

Вашингтoн – Грчките револуционери се терористи

Post Views: 7 Стејт департментот на САД  објави дека грчката екстремно лева група „Секта на револуционерите” е ставена на списокот на организации, кои се сметаат за терористички групи.Решението се аргументира со „терористичките дејности на групата, кои се закана за безбедноста на САД”. „Сектата на револуционерите” е терористичка организација, која користи насилство за да подготви револуција и за да ја собори грчката влада, смета Вашингтон. Сектата ја презеде одговорноста за убиството на новинарот Сократис Јолиас извршено на 19. јули во Атина Јолиас (37), кој се занимаваше со истражувачко...

Continue reading

Авиони од Цирих на Chair Airlines и од Милано на Wizz Air ќе бидат првите кои денес, по три и пол месеци, ќе слетаат на охридскиот аеродором „Св. Апостол Павле“

Post Views: 9 Пристигнувањето на првите авиони на охридскиот аеродром е планирано за 12:30 односно 17:15 часот. Полетувањето од охридскиот аеродром ќе биде во 13:20 за Цирих односно 17:45 часот за Милано. Според информациите од ТАВ Македонија првиот пак чартер лет на аеродоромот во Охрид ќе слета на 5-ти јули од Варшава на компанијата LOT Polish Airlines, додека пак првите холанѓани ќе пристигнат од Амстердам на 25-ти јули. Согласно протоколите патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда...

Continue reading

francuski farmer

Француските земјоделци се самоубиваат

Post Views: 5 Во Франција се повеќе земјоделци си го одземаат животот. Бројот на самоубиства е дури три пати поголем од оној на луѓето кои работат во канцеларија. Во Франција секоја годинa си го одземаат животот околу 400 фармери. Животот на фармерите е се само не идиличен. Тој подразбира макотрпна работа од утро до вечер.И осаменоста е една од причините поради кои француските фармери се одлучуваат да му стават крај на својот живот. Од оваа причина и доаѓа до опустошување на селата. Имено, околу 300.000 фарми со крави и овци исчезнале во последниве години во Франција. На ова се надоврзува...

Continue reading

kuka

Фрицл хаус оф фан

Post Views: 16 Австриските власти ќе ја запечатат вратата од подрумот во кој Јозеф Фрицл 24 години ја држел заробена својата ќерка, откако местото станало популарно збиралиште за локалните тинејџери и наркомани. Младите од Амстетен почнале редовно да влегуваат внатре преку отклучената врата од гаражата и да прават незаконски журки. Меѓу старите душеци, столчиња и компјутери кои таткото монструм ги оставил зад себе, биле пронајдени искршени шишиња алкохол и искористен прибор за дрогирање. Секоја од осумте соби во подрумот се одвоени со заклучени врати а во последната просторија во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top