Започна карневалот во Рио Де Жанеиро

Традиционалниот петдневен карневал во Рио официјално беше отворен вчера со симболично предавање на клучевите од градот на карневалскиот крал Мома кој му ги врачи градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес.

 |  Маја Савиќ  | 
karneval
карневал

Традиционалниот петдневен карневал во Рио официјално беше отворен вчера со симболично предавање на клучевите од градот на карневалскиот крал Мома кој му ги врачи градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес.
akrneval rio
– Многу сум среќен што ја предавам управата на градот на кралот Мома, изјави Паес кој и самиот претходно бил играч на самба.

За време на карневалот е дозволено речиси се, но со игра и песна и не се почитуваат правилата за облекување.
Овогодишниот крал Милтон Родригес во друштво со карневалска кралица и две принцези, изјави дека е време да се остават настрана сите проблеми на градот и да се ужива.

Се очекуваат повеќе од 750 илјади луѓе од Бразил и светот кои ќе потрошат околу 560 милиони долари. Во почетокот на февруари во пожар изгореа повеќе од 8.000 костими за играчите на самба.

Оваа година се пријавија и 424 улични групи кои веќе неколку недели парадираат во градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top