На добар пат према врвот

Апсолутен хит во Лига на шампиони и Премиера

 |  инфодеск  | 

Како Атлетико успеа да ги измеша сметките на Барселона. Тие со Борусија Дортмунд се најголема опозиција на великаните како Баерн, Реал, Барселона, Челзи, ПСЖ и други.

Зошто опозиција? Атлетико и Борусија се две екипи составени претежно од домашни играчи и со многу поскромни буџети од останатите тимови кои се најдоја во четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони, и на нивните клупи седат двајца емотивци кои успеаја своите идеи да ги пренесат на дело.

Токму Атлетико со елиминацијата на Барселона ја замени минатогодишната улога на Борусија. Диего Симеоне е најголема ѕвезда на екипата која му одржа лекција на донеодамнешниот владетел на европскиот фудбал. Направи компактна и борбена дружина која гори на теренот и многу добро се движи без топка.

Работата е едноставна. Мотивот и желбата со која пристапија на натпреварот против Барселона беше неверојатен. Не велиме дека на Барселона не и беше важно, но начинот на кој технички инфериорните играчи на Атлетико се бореа против Барса мораше да го наплатат. Споредбено може да се опише исто како десет питбулови да ви дишат во врат цели 90 минути. Имено, Меси во клучниот натпревар во сезоната успеа да претрча само 6,8 км, само 1,5 км повеќе од голманот Пинто ?! За тоа време јунакот во Атлетико, Коке, претрча дупло повеќе – 12,2 км. А и неговите соиграчи отприлика толку. И тука лежи едена од повеќето причини за поразот на Барселона или за совршенството на Атлетико.

„За мотивирање на моите играчи не се потребни зборови, нив им е потребна сигурност, одлучност и можност да излезат на теренот и да дадат се од себе. Се восхитувам на моите играчи и на начинот на кои работат заедно како екипа“, рекол по натпреварот Симеоне.

Атлетико можеби нема да дојде до ниеден трофеј оваа сезона но засега тие остануваат да го сонуваат сонот и ова е уште една потврда како атмосферата и единството е многу поважно од реномето и висината на платите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top