Вашингтoн – Грчките револуционери се терористи

Стејт департментот на САД  објави дека грчката екстремно лева група „Секта на револуционерите” е ставена на списокот на организации, кои се сметаат за терористички групи.

 |  Маја Савиќ  | 
nemiri Atina
немири Атина

Стејт департментот на САД  објави дека грчката екстремно лева група „Секта на револуционерите” е ставена на списокот на организации, кои се сметаат за терористички групи.
sekta na revolucioneri
Решението се аргументира со „терористичките дејности на групата, кои се закана за безбедноста на САД”.

„Сектата на револуционерите” е терористичка организација, која користи насилство за да подготви револуција и за да ја собори грчката влада, смета Вашингтон.

Сектата ја презеде одговорноста за убиството на новинарот Сократис Јолиас извршено на 19. јули во Атина

Јолиас (37), кој се занимаваше со истражувачко новинарство, беше убиен пред неговата куќа со 16 истрели. Тој беше директор на радио станица „Тема ФМ“.

Сектата на револуционерите се појави во февруари 2009 година по уличните немири што ја потресоа грчката престолнина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top