Нели Фуртадо ќе ги подари парите кои ги доби од Гадафи

Канадската поп ѕвезда, Нели Фуртадо, изјави дека парите кои во 2007 година ги добила од либискиот лидер, Моамер Гадафи, за настапот пред неговите соработници, ќе ги донира во добротворни цели.

 |  Маја Савиќ  | 

Nelly FurtadoКанадската поп ѕвезда, Нели Фуртадо, изјави дека парите кои во 2007 година ги добила од либискиот лидер, Моамер Гадафи, за настапот пред неговите соработници, ќе ги донира во добротворни цели.

– Добив милион долари во 2007 година од Гадафи за да одржам концерт од 45 минути пред гостите во еден хотел во Италија. Парите ќе ги подарам во добротворни цели, вели Фуртадо.

Нели Фуртадо не е единствена пејачка која добила пари за настап од Гадафи. Пари за настап од либискиот лидер добиле и Бијонсе, Ашер, Мараја Кери и Лајонел Ричи, кои изведувале приватни концерти за семејствотот на Гадафи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top