Ознака: изложба

manaki

Изложба посветена на браќата Манаки во Франција

Post Views: 43 Програмата на манифестацијата претставува синтеза на различни делови од богатата македонска култура и е конципирана како спој на традиционалното творештво на Република Македонија и на урбаната македонска култура.Македонската традиционална музика ќе биде претставена преку изведбите на групата „Љубојна“, етно-составот „Баклава“ и на Стефче Стојковски со триото „Гавроски“. Предвидени се и настапи на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар предводен од диригентот Сашо Татарчевски, како и концерт на „Проект жлуст“.Македонската етнолошка традиција ќе биде презентирана...

Continue reading

mozaik

Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Post Views: 11 Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство. „Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено...

Continue reading

rabotilnica

Есента-сликар со волшебни бои

Post Views: 12 Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија. Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки. Ваквата изложба која во...

Continue reading

fotografii

„Ние припаѓаме тука“-убавините на прекуграничните региони заробени на фотографии

Post Views: 1 Отворена изложбата на фотографии „Ние припаѓаме тука“. Денес во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“ беа претставени 160 фотографии од автори од Македонија и Грција, а како дел од проектот за прекугранична соработка помеѓу двете земји. Оваа изложба воедно има и натпреварувачки карактер. „Аматери, професионални фотографи беа поканети да испратат фотографии од прекуграничните области од нашата програма. Тоа се четири во Република Македонија, југоисточниот, вардарскиот, пелагонискиот и југозападниот плански регион. Преку 160 фотографии, избрани се најдобрите...

Continue reading

izlozba

Соединување на каменот со дрвото

Post Views: 2 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска. Таа...

Continue reading

izlozba robevci

Прва изложба по 17 години на Јордан Манасијески во родниот Охрид

Post Views: 16 „Апстинирањето јас би го нарекол како созревање. Исто тоа се моменти како овошјето и плодовите од природата, така и сликарот ги чека вистинските денови кога ќе созрее и кога ќе може да се претстави со полно задоволство, со полна доверба пред светот и гледачите, и јас мислам дека бев трпелив.“ Со оваа филозовска мисла, доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески после долга пауза ја најави својата прва изложба во родниот Охрид. Изложбата насловена како „Приказна за светите простори“ е контраст од две различни фази во творештвото на Манасијески. „Очигледно...

Continue reading

izlozba

Ликовната одисеја на Мајкл и Менка Клоус тргнува од Трпејца

Post Views: 21 После неколку изложби во Рим, Сплит и Задар, македонскиот брачен пар Мајкл и Менка Клоус со своите дела доаѓаат и во земјата од која потекнуваат. Новниот ликовен проект е насловен „Сликарството на патот до хуманоста“ и сосема адекватно на насловот, сите нивни изложби се добротворни и најголемиот дел од сликите се подаруваат. Нивната македонска ликовна одисеја започнува од Трпејца. „Денес се отвори изложбата во Трпејца. Тоа ќе ни е првата изложба во Македонија, па потоа следуваат неколку изложби, едната е во Скопје, во кафе „Галерија“, и ќе се отвори во Понеделник, потоа...

Continue reading

tragi

Трагите на скулпторот Милатовиќ, пред охридската публика

Post Views: 7 Трагите на црногорскиот скулптор Сретен Милатовиќ, од синоќа, пред охридските љубители на уметноста. Овој истакнат црногорски пост-модернист, кој за прв пат самостојно се претставува пред македонската публика, е роден во Никшиќ во 1966-та година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Сараево, во каласата на професорот Алија Кучукалиќ, а моментално работи како доцент на Академијата за ликовни уметности од Требиње. За неговата изложба, насловена како „Траги“, вели дека е израз на суптилноста на неговото лично искуство од животот и природата. „Тоа се едни објекти,...

Continue reading

jagul;a

Оштетената скулптура јагула повторно блесна

Post Views: 2 Кај Куба Либре повторно блесна репарирана и свежо бојадисана скулптурата јагула. Дрвената скулптура е санирана и вратена во првобитната положба, вели  нејзиниот творец Сергеј Цингулоски. Најдолгата дрвена скулптура во светот  со 172 метри должина прекрасно се вклопи во овој простор, задоволно вели Цингулоски. Уметникот за десетина дена и по кратко време од нејзиното оштетување од страна на непознати вандали, го обнови уметничкото дело кое го создаде пред само три години, а на овој простор поставено пред две години.   „Благодарност до Локалната самоуправа која брзо  реагираше...

Continue reading

fotografii

Охрид низ времето

Post Views: 2 Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци. Промоторот Зоран Велјаноски Летра...

Continue reading

arch. MIhail

Младите уметници ја возобновуваат старата уметност, иконографијата

Post Views: 1 Охридските зографи се прочуени по нивната умешност, по убавината на нацртаните фрески и икони кои ги красат нашите цркви. Оваа, по малку заборавена уметност ги пронајде своите возобновувачи. Млади, талентирани уметници, со стручна наобразба во уметничките центри во Белград, Софија, Букурешт, со својата мирна рака ги сликаат делата достојни на нивните надалеку познати претходници. Дел од нивните дела се изложени во Куќата на Робевци. „Во разговори со младите уметници, дојдовме до заклучок дека е паметно да се направи една таква изложба, и оваа изложба е трета по ред....

Continue reading

Damjanoski

Ретроспективна изложба на поетот на стакло

Post Views: 17 Теофил Дамјаноски, сликар кој го носи епитетот поет на стакло, со ретроспективна изложба. По повод 7-ми Ноември Денот на  ослободувањето на Охрид, Дамјаноски  пред своите сограѓани  го  изложи својот творечки опус. Ликовниот уметник  во изминативе 55 години создал бројни слики кои пленуваат и ги воодушевуваат луѓето. Сликите на Теофил Дамјаноски имаат карактеристичен ликовен печат. Тој е меѓу првите уметници кој започнал да слика на стакло покрај останатите ликовни техники.  На почетокот од негoвото творештво слика на стакло и тоа архитектура , пејсажи, човечки фигури,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top