Соединување на каменот со дрвото

Соединување на каменот со дрвото. Ова е мотивот на втората самостојна изложба на Анета Вршкоска Јованоска. Таа вели дека уметноста продолжува да живее во нејзе и ќе твори и во иднина. Дел од експонатите на оваа изложба ќе бидат продадени, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 |  Јаковлева Лионела  | 
izlozba
изложба

Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. анета вршкоска јованоска

Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска.

Таа вели дека материјалите за изложбата се од нашата околина претежно од Градиште, Метропол и плажата кај некогашната Специјална детска болница, а има камчиња кои се донесени дури од Франција од Корзика. Сликарот Славко Упевче рече дека изложбата е невообичаена и многу поразлична од конвенционалните инсталации. Тој додаде дека се гледа оти во сите нејзини дела е вложен голем труд и љубов.

Ова е втора самостојна изложба на Анета но таа не застанува тука. Вели дека уметноста продолжува да живее во нејзе и ќе твори и во иднина. Дел од експонатите на оваа изложба ќе бидат продадени а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top