Ознака: изложба

nosii

Изложено совршенсвото на македонски вез и колорит

Post Views: 9 Во Куќата на Робевци, синоќа се отворија две привремени изложби на ќилими и делови од народни носии од Брсјачкиот крај. На изложбата се презентирани најубавите автохтони кошули и покривала за глава од Дебрца, Охридско и Струшко поле, Малесија и  Дримкол. Етнолошката поставка на народните носии датира  од периодот  на 19 и почетокот на 20 век. Везот на кошулите и сокаите, покривала за глава, е колоритен со свилени и волнени конци, со геометриски и орнаментални форми кои наликуваат на крстови, лозички, ветки и ѓулој. Ќилимите, ткаени и везени во периодот од 19 и 20 век,...

Continue reading

прграма

Уметност за зближување на нациите

Post Views: 0 Почесниот граѓанин на Охрид, Винченцо Бјанки со изложба на Фестивалот Охридско лето. Светски познатиот уметник и почесен граѓанин на Охрид, Винченцо Бјанки вечерва ќе има изложба  во рамките на фестивалот Охридско лето. „Уметноста за зближување на нациите„ е насловот  на презентацијата на неговите дела. Винченцо Бјанки  планира од поодамна во Охрид да го отвори својот 13 музеј , сака да го нарече „Кадмо“. Овој музеј би бил составен дел на моите останати музеи за запознавање на народите преку уметноста порача Бјанки. Но, сеуште не е позната локацијата ни на музејот,...

Continue reading

Gorgi Kurtelov

„Никонски – земјен спој“

Post Views: 6 Изложба насловена како„Небесно- земјен спој“ од вечерва во големиот изложбен салон на центарот за култура „Григор Прличев“. Публиката ќе има можност да погледне дела иработени во една специфична и несекојдневна техника, најавува уметникот Ѓорѓи Куртелов. „Уметноста во мојот живот датира уште од мали нозе. Долги години посетував ликовни колонии низ Македонија, а потоа запишав и студии во Белград“, раскажува уметникот Ѓорѓи Куртелов. „ Потоа следеа неколку  изложби и награди. Сметав дека по толку години дојде ред да се претставам пред мојата Македонска публика“, вели Куртелов. „Инспирација...

Continue reading

izlozba

„Моето поинакво другарче“

Post Views: 6 Во рамки на годинешната културна летна манифестација „ Деновите на толеранција“ изложени се 30 најдобри цртежи од претходно пријавени 340 цртежи направени од деца низ цела Македонија. Изложба на ликовни творби на млади уметници од основните училишта од цела Македонија, кои твореле на тема „Моето поинакво другарче“може да се види во центарот за култура „Григор Прличев“ . Овие прекрасни дела се за потребите на културната манифестација „Денови на толеранција“.Целиот проект претставува заокружување на ликовниот конкурс кој Полио плус го спроведе во партнерство со Министерството...

Continue reading

izlozba

„Контрасти “ на охридскиот сликар Ванчо Димоски

Post Views: 5 Во изложбената Галерија во Куќата на Робевци е поставена првата самостојна изложба на охридскиот сликар Ванчо Димоски. За уметничкото творештво на младиот Димоски, познатиот сликар  Славко Упевче ќе рече дека станува збор за талентиран сликар кој истражува со контратот на боите и  на кого му престои блескава творечка перспектива. Ванчо Димоски, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006 година. Имал повеќе групни изложби , но пред охриѓани за прв пат го презентира своето творештво со 18 слики од кои едната е негова дипломска работа. На неговите платна...

Continue reading

izlozba

Изложба на фотографии

Post Views: 21 Ги Фулон вечен трагач по симболи и знаци повторно со изложба во Охрид. Со 66 фотографии во црно бела техника, 33 посветени на Охрид и 33 на Париз, вечниот трагач по симболи и знаци, Ги Фулон после две години е повторно во Охрид со нова изложба. Оние кои имаа можност да ја погледнат изложбата се воодушевени од овој стил на документарна фотографија. Преку сликите се чувствуваат искрени и топли моменти на заљубен човек во двата града. Ги Фулон е роден Парижанец кој започнал да слика аматерски од својата 13 година, а посериозно се посветува на фотографирањето од почетокот...

Continue reading

slika

Кич да – сте или не сте?- насловена денес отворената изложба

Post Views: 7 Станува збор за Британската колекција на Музејот на современа уметност. Целта е да се анимира јавноста во борбата против кичот. Во Центарот за култура се отвори изложбата на Британската колекција на Музејот на современа уметност од Скопје. Целта е на овој начин да се анимира јавноста во борбата против кичот, велат организаторите. Проектот за борба против кичот започна од, како што беше потенцирано, духовната престолнина на Македонија – Охрид. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја посетат изложбата во текот на наредните десет дена. Проектот е подржан од...

Continue reading

izlozba Galicica

Отворена изложба на фотографии на тема: „Н.П. Галичица во есен“

Post Views: 1   Најмладите ги запознаваат природните убавини на Националниот парк Галичица. Инспирирани тие направија над 200 фотографии. Природните убавини на НП Галичица ги инспирираа основците од општина Охрид да направат фотографии со мотиви од паркот. Од денес тие и се достапни и на  јавноста како дел од прославата на 50- годишното постоење на НП. Најмладите вљубеници во природата направија над 200 фотографии на тема НП Галичица во есен, од кои 33 од денес се изложени во просториите на општинскиот Црвен крст.  Жири комисијата ги награди авторите на најдобрите три фотографии....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top