Ознака: изложба

dobrotvorna sliki

Фотографиите од добротворната изложба ги маѓепсаа посетителите

Post Views: 5 Кога се работи за најмладите, веројатно нема срце што не сака да помогне. Тоа недвосмислено го докажа вчерашната добротворна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“. Советници во општината, директори на јавни претпријатија, сопственици на приватни бизниси, иако различни, во суштина сепак слични. Сите се собраа на едно место , со заедничка цел, да го дадат својот придонес во обезбедувањето на иднината на најмладите. Имаа на располагање избор од 47 фотографии со мотиви од Охрид во кои главен актер беше цвеќето. Беа воодушевени од сите фотографии, но...

Continue reading

park shetalishte

Со купена фотографија-до нов инвентар за градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 0 Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина. Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот...

Continue reading

lebed

Уметничката страна на шишарките

Post Views: 27 Во уметноста навистина нема граници. Ако се сомневавте во ова, можеби ќе успее да ве разубеди невообичаената изложба на слики која вчера беше поставена во центарот за култура „Григор Прличев“. „Скаменети шишарки“ е насловот на оваа интересна изложба. Токму така, добро слушнавте, сите триесет и една слика кои авторот Даниела Илиеска ги изработила, се направени од борови шишарки. „Јас шишарките не ги имав во предвид дека ќе ги направам во слика. Природата ни е најголемиот уметник на нашето постоење. Таа ни дава слики кои не ги гледаме. Повеќепати сме шетале покрај парк,...

Continue reading

sliki karavan

Ликовниот караван „Најубавите мои сништа“ доаѓа во Охрид

Post Views: 4 Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија. „Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници...

Continue reading

centar za kultura

Богата културна понуда по повод 8-ми септември

Post Views: 15   Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска...

Continue reading

izlozba Raunik

Графиките од „Светлина на Цар Самоил 46“-во куќата на Робевци

Post Views: 3 Куќата на Робевци понуди одличен амбиент за првата и веројатно најзначајната охридска изложба во творештвото на магистер Маја Рауник Кирков. Графиките се изработени во две техники и тоа техника на висок печат кој се карактеризира со линиски третман и техника на дигитални графики кои авторката вели се посебна провокација и инспирација за неа. „Оваа изложба ја подготвував скоро цел живот затоа што инспирација за оваа изложба е сликата која што ја видовме „Пенџерето на мојата куќа“, а тоа е мајка ми осветлена од една преубава светлина и таа слика нема само историско туку...

Continue reading

fakel

Танго, архитектура и „Хенри VI“

Post Views: 0 Во саботата навечер во просторот на катедралната црква Св. Софија италијанското дуо Џампаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на бандеон за сите љубители на аргентинската музика, уште еднаш со своите изведби ја открија самата душа на аргентинското танго. Ова специфично дуо уште од своето формирање стана важен дел од меѓународните музички кругови, благодарение на нивната комуникативност и харизма. Нивната изведба на делата на Пјацола, Таворало и Барди не оставија никого рамнодушен. Џампаоло Бандини, гитаристот во дуото истакна дека емоциите кои ги внесуваат при нивната...

Continue reading

izlozba crven krst

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Post Views: 7 Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во...

Continue reading

seme

Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески

Post Views: 0  Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.   За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН....

Continue reading

izlozba Verikali i Premini

Со „Вертикали и Премини“ со фотографски ракурс допир до душата на Охрид и Струга

Post Views: 1 Во Музејот Куќата на Робевци е поместена најновата изложба на Анастас Ќушкоски која е насловена како  „Вертикали и Премини“. Ова е второ навраќање на авторот на тема старата архитектура. Низ различен ракурс Ќушкоски ги прикажал разните форми на вертикалите и премините. Преку нив ја допрев душата на Охрид и Струга, вели авторот. „Вертикалата беше  мој  предизвик, преку неа ја гледам симболиката на светлината  како потраг по неа,  Бога и бескрајот. Таа вертикала за да го најде својот пат мора да мине низ преминот. Тогаш таа станува жива и духовна и таа ме преукупира и...

Continue reading

slika

Раѓање на совршенството-ироничен приказ на злоупотребата на дроги

Post Views: 8 „Раѓање на совршенството“ е првата самостојна изложба на 15 годишната Мила Коцарева. Насловот на изложбата полн со иронија, упатува на неверојатниот сензибилитет на младата уметничка која за своите години успеала да создаде кристално јасна слика за најголемата опасност во која се наоѓаат младите-злоупотребата на дрогите. Нејзините апстрактни пастелни изрази во себе носат силна порака до младите, но и до сите луѓе воопшто. „Бев вознемирена од фактите што голем, масивен е бројот на млади лица кои што употребуваат дрога. Податоците од СВР  велат дека најмалиот зависник...

Continue reading

Izlozba

Групна изложба на уметничка фотографија на членовите на фото клубот Охрид

Post Views: 1 Јасна Христоска, Ристе Петрески, Димче Коруноски И Петар Боев се дел од групната изложба која тардиционано се организира по повод Св Климент, 8 декември патронатот на Охрид. Јасна слика од својата 13 година и ја открива нејзината страст кон фотографирањето. Димче Коруноски за своето хоби, уметничката фотографија вели дека станува збор за голема љубов кон фотографијата. Инспирација му се убавините   од нашето опкружување да ги пренесе преку објективот на фото апаратот. Тој изложува 5 слики со мотив зајдисонце. Ристе  Петрески следејќи ги стапките на својот постар брат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top