Со „Вертикали и Премини“ со фотографски ракурс допир до душата на Охрид и Струга

Во Музејот Куќата на Робевци е поместена најновата изложба на Анастас Ќушкоски која е насловена како  „Вертикали и Премини“. Ова е второ навраќање на авторот на тема старата архитектура.

 |  Валентина Нелоска  | 
izlozba Verikali i Premini
izlozba Verikali i Premini

izlozba Verikali i PreminiВо Музејот Куќата на Робевци е поместена најновата изложба на Анастас Ќушкоски која е насловена како  „Вертикали и Премини“. Ова е второ навраќање на авторот на тема старата архитектура. Низ различен ракурс Ќушкоски ги прикажал разните форми на вертикалите и премините. Преку нив ја допрев душата на Охрид и Струга, вели авторот. „Вертикалата беше  мој  предизвик, преку неа ја гледам симболиката на светлината  како потраг по неа,  Бога и бескрајот. Таа вертикала за да го најде својот пат мора да мине низ преминот. Тогаш таа станува жива и духовна и таа ме преукупира и успеав да ги откријам тие моменти на ова поднебје. Вертикалите и премините се од старото градско јадро. Таа линија се следи и чува во Охрид, а во Струга се доаѓа до одредени  апсурди, се следи вертикалата, но не во изворната форма во која  што била некогаш“, нагласува Ќушкоски.
izlozba Verikali i Premini

Ништо повеќе не важно од мигот кога ќе се погледнат овие фотографии, во тој миг тие стануваат реалност и го живеат својот живот. Тогаш започнува сфаќањето дека тие не се само фотографско пресликување, ниту имитирање на реалност, тие ја имаат потребата од допирот на совршенството, невкусената медовина, ќе рече промоторот на неговата изложба, сликарот Драган Спасески Охридски.
Изложбата  „Вертикали и Премини“ содржи 65 слики кои  ќе може да се видат до крајот на овој месец.
Анастас  Ќушкоски  се подготвува за нова изложба во Вевчани на 12 и 13 јануари на  тема Карневалот во Вевчани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top