Ликовната одисеја на Мајкл и Менка Клоус тргнува од Трпејца

Една од основните идеи на сликарството на Мајкл е хуманизмот и филантропијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
izlozba
изложба

После неколку изложби во Рим, Сплит и Задар, македонскиот брачен пар Мајкл и Менка Клоус со своите дела доаѓаат и во земјата од која потекнуваат.
Новниот ликовен проект е насловен „Сликарството на патот до хуманоста“ и сосема адекватно на насловот, сите нивни изложби се добротворни и најголемиот дел од сликите се подаруваат. Нивната македонска ликовна одисеја започнува од Трпејца.

sliki Majkl Close„Денес се отвори изложбата во Трпејца. Тоа ќе ни е првата изложба во Македонија, па потоа следуваат неколку изложби, едната е во Скопје, во кафе „Галерија“, и ќе се отвори во Понеделник, потоа имаме изложба во Кавадарци во винарската визба „Тиквеш“ и потоа одиме во Гевгелија во хотел Аполонија и после Гевгелија одиме во Струмица, учествуваме на Струмичката ликовна колонија, и после тоа, кога ќе се отвораат Струшките вечери на поезијата имаме изложба и таму и нашата последна изложба ќе биде во куќата на Мајка Тереза каде што ќе имаме посебна презентацјиа на денот на раѓањето на Мајка Тереза.“-вели Менка Клоус, историчар на уметност.

izlozba HrvatskaНивната изложба во Трпејца е во рамките на манифестацијата „На зајдисонце во Трпејца“, а еве што е најголемата инспирација за Мајкл во последните неколку години.

„Научив дека во егејскиот дел, блиску Лерин, семејството на мајка ми во 1943та година им помогнало на две еврејски семејства да избегаат од германците и тоа е приказна за еврејската заедница која малкумина ја знаат и самиот сега за неа дознавам. Грижата и интересот околу Холокаустот е дел од проектите кои ги правиме летово и ќе презентираме во Музејот на Холокаустот во Скопје, дела кои се со тема „Мајка и дете евреи“ кои изчезнуваат од Лерин во 1943 година.“-рече уметникот Мајкл Клоус.

Мајкл Клоус на своите изложби носи огромен број на ликовни дела.

Најчесто се работи за акрил на платно или хартија, а специфично е и тоа што ниту една нивна изложба не ги содржи истите слики бидејќи најголемиот дел од нив се подаруваат. Инаку Мајкл е роден во Торонто, Канада, но неговото потекло е од Македонија, исто како и неговата сопруга Менка која е родум од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top