Post Views: 1
Под мото „Градиме нови генерации“ денес во Струга започнува петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „Дримон“. На ова културно збиднување кое ќе трае пет дена ќе има дваесетина настани во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе настапат над 40 учесници.
На фестивалот публиката ќе гледа внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, изградени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социокултурна сцена. Тимот на Иницијативата за независен културен...
Post Views: 7
Од Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди велат дека само во текот на вчерашниот ден, пристигнале двеста и дваесет пријави. Од утре од комисијата започнуваат со работа на терен, а прв увид ќе се направи на јавните објекти кои двата тима од ИЗИИС ги окарактеризирало како интервентни случаи.
Граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на...
Post Views: 3
ТВМ телевизија започна со лоцирање на дивите депонии во регионот. Голем број пријави од граѓани пристигнаа на нашето барање за пријавување на нелегални депонии кои ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините. Денес нашата екипа регистрира неколку диви депонии во урбаниот дел на Охрид.
Затекнавме грда слика, расфрлана пластика, дотраена покуќника, градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад. Едната локација е во населбата Далјан веднаш пред самата патека која води кон Свети Јован Канео. Дива депонија која неодамна екипите на ЈП...
Post Views: 0
Младите ракометари Борче и Дамјан дел од третото издание на ракомениот камп „Кирил Лазаров 7“. Едниот за прв пат, другиот од самиот почеток на кампот, со нетрпение и годинава очекуваат да уживаат во најпопуларниот спорт, ракометот.Започна третото по ред издание на ракомениот камп „Кирил Лазаров 7“, во организација на агенцијата КМГ Спорт.
„Најбитно ми е дружењето и да научиме други вежби за тренинзи“. Па имаме два или три тренинзи на ден, прво почнуваме со загревање, па после со топка.
„Од моите другари кои доаѓаа претходните години, беа многу задоволни од тренинизите...
Post Views: 5
Од неоадмна започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити на целата територија на Општина Охрид. Од Секторот за комунални дејности апелираат до несовесните поединци да запрат со ваквото однесување бидејќи сите овие градежни активности дополнително го оптоваруваат Буџетот на Општина Охрид.
Уништени сообраќајни знаци, информативни табли, спортски реквизити, се слика која најмалку му е потребна на нашиов град во веќе започнатата туристичка сезона. Продолжува уништувањето на јавните добра низ нашиов град, а општината се труди во...
Post Views: 3
Дирекцијата на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) започна со редукција на уличното осветлување во делови од ТИР Зоните низ државата, а целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во Дирекцијата, како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор.
Како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, редуцирањето на уличното осветлување се прави во соработка и консултација со компаниите во зоните и се применува во одредени делови за кои се смета дека осветлувањето не е неопходно и нема да го наруши нивното функционирање. Оваа мерка, додаваат,...
Post Views: 4
Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетот, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој е темата на јубилејната, десетта Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022″, што се одржува во Охрид. Рубин Земон, претседател на Програмскиот комитет на конференцијата, потсети на почетоците и развојот на меѓународната конференција. Дадовме скромен придонес за научните кругови, но голема промоција за Охрид, кажа Земон.
Промоција на културното наследство, културниот идентитет, со цел...
Post Views: 0
Директорката на оваа здравствена установа, др Катерина Димитрова информира дека ќе се изврши замена на дотраената покривна конструкција со лим.
Санацијата е неопходна поради лошата состојба во која се наоѓа покривот на Здравствениот дом кој во неколку наврати прокиснуваше и при послаби врнежи од дожд. Градежниот зафат е планиран подолго време и по завршувањето на законските процедури за јавна набавка се пристапи кон негово спроведување, а препокривањето се очекува да трае 2, 3 дена во зависност од временските услови.
Не се преземаат поскапи зафати поради најавата за...
Post Views: 0
Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта кој е стар околу 500 год. Ова е дел од проектот за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата, а кој неодамна го изработи Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите и на стариот кочеџик кај црквата Св. Богородица Перивлепта, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мониторинг и конзерваторски...
Post Views: 1
Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата.
Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои...
Post Views: 4
8 лица со инвалидитет од Охрид ќе добијат по еден личен асистент. Помошниците ќе им помагаат и ќе им го направат секојдневниот живот полесен. Меѓу овие лица кои ќе користат личен асистент е и охриѓанката Нада Јонеческа.
„ Многу сум среќна што можам да добијам ваква услуга. Со оваа асистенција ќе ми биде многу подобро. Очекувам дека животот ќе ми е исполнет и повесел. Нема да бидам сама и тажна“, вели Јонческа.
Помошниците на лицата со инвалидитет ќе треба да ги одменат членовите на нивните семејства кои се постојано покрај нив. Асистентите ќе бидат платени од државата,...
Post Views: 2
Државниот студентски дом „Никола Карев“ започна со подготовки за новите станари. Бројката на легла за студенти од 1,2,3, 4, 5 и 6 год. e 231 легло, распоредени во 86 соби. Директорот на домот Марјан Ристески очекува исполнетоста оваа година да биде околу 90%. Тој додава дека во изминатиов период континуирано се работи на подобрување на условите за сместување и во целост се подготвени да ги пречекаат новите студенти. Набавени се нови перални и сушари, ставен е нов лифт и направени се повеќе зафати за уредување на домот.
Една од предностите на нашиот дом е добрата локација...