Започна пријавувањето на штетите предизвикани од големиот земјотрес во Охрид

Од Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди велат дека само во текот на вчерашниот ден, пристигнале двеста и дваесет пријави. Од утре од комисијата започнуваат со работа на терен, а прв увид ќе се направи на јавните објекти кои двата тима од ИЗИИС ги окарактеризирало како интервентни случаи.

 |   | 

Од Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди велат дека само во текот на вчерашниот ден, пристигнале двеста и дваесет пријави. Од утре од комисијата започнуваат со работа на терен, а прв увид ќе се направи на јавните објекти кои двата тима од ИЗИИС ги окарактеризирало како интервентни случаи.

Граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 04.07.2017 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175.

„Има готови бланко барања, кои треба да ги пополнат, со барањето да достават имотен лист, фотокопија од транасакциона сметка, лична карта. Заклучно со вчерашниот ден штети пријавиле околу 220 граѓани. 0,54 (лепи) 01,05„Значи оштетувањата не се големи но се од градежен дел, напукнувања на тавани, испаднати бољери, ѕидови, но штетите не се големи“ објасни Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Вељаноски додава дека во Центарот за управување со кризи пак на телефонскиот број 195, за оштетувања се пријавиле 300 граѓани. истакна дека заедно со два од тимовите на ИЗИИС, во текот на вчерашниот ден остварена е средба и со Комисијата, после направениот увид на јавните објекти во градов.

„Не известија дека има околу дека интервентно или дека биле во најлоша сосотојба од оние објекти кои ги прегледале околу 15, како интервентни. Ние како Општинска Комисија, утре започнуваме на терен и ќе ги посетиме интервентните случаи, оние кои се во најлоша состојба“ посочи Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Вељаноски додава дека покрај на јавните објекти, како болниците училиштата, градинските и зградите на администрација, увид ќе се направи и кај пријавените индивидуални објекти, после што ќе се чека нивната проценка, дали и понатака испитинот објект е соодветен за живеење или работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top