Започна санацијата на кровот на Здравствениот дом познат како Маларична

Директорката на оваа здравствена установа, др Катерина Димитрова  информира дека ќе се изврши замена на дотраената покривна конструкција со лим.

 |   | 

Директорката на оваа здравствена установа, др Катерина Димитрова информира дека ќе се изврши замена на дотраената покривна конструкција со лим.

Санацијата е неопходна поради лошата состојба во која се наоѓа покривот на Здравствениот дом кој во неколку наврати прокиснуваше и при послаби врнежи од дожд. Градежниот зафат е планиран подолго време и по завршувањето на законските процедури за јавна набавка се пристапи кон негово спроведување, а препокривањето се очекува да трае 2, 3 дена во зависност од временските услови.

Не се преземаат поскапи зафати поради најавата за изградба на нов ургентен центар на местото на Маларична, но мора да се обезбедат соодветни услови за работење на амбулантите и за пациентите кои таму добиваат услуги од примарна здравствена заштита, потенцира др Димитрова.

Инаку на местото на старата маларична амбуланта планирано е се гради современа поликлиника. Според најавите новиот ургентен центар треба да биде на призмје, три ката и поткровје. Објектот на Здравствениот дом во Охрид е изграден пред околу 6 децении.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top